Мантрата не е волшебно стапче кое ги исполнува сите ваши желби, но овие зборови можат значително да го променат текот на вашиот живот. Кога се фокусирате на нешто во животот, можете да го постигнете тоа. Начинот на кој се однесувате кога ќе се најдете во непредвидливи околности, одредува дали ќе бидете херој или жртва на сопствениот живот. Овие зборови ќе ви помогнат да ги пребродите тешките моменти, ќе ве натераат да ја погледнете реалноста од друг агол и да започнете да го живеете животот за кој отсекогаш сте сонувале.rnrn
rn
1. Јас сум херојот на својот живот
rnСекој ден носи со себе непредвидливи околности. Разочарувањето, лошите вести или што било друго може да ве погодат. Вие одлучувате како ќе реагирате на сето тоа.rnrnАко на секој проблем одговарате велејќи: „Јас сум херојот на својот живот“, ѝ испраќате порака на потсвеста дека сте ментално силни.rnrnДа одлучите да бидете херојот на вашиот живот значи да си го поставите вистинското прашање кога ќе се појават проблемите. Запрашајте се што можете да направите за да го решите проблемот наместо да се сожалувате или да ја барате вината во некој друг.rnrnОваа мантра треба да ве потсетува дека изборот зависи само од вас. Среќата, успехот и неуспехот се ваш избор. Можете да постигнете сè што сакате, но прво треба да размислувате позитивно.rn
2. Имам доволно од сè
rnБидете благодарни за сè што имате во моментов и трудете се да успеете да бидете материјално стабилни. Прифаќање на богатството што е околу вас, го буди заспаното богатство во вас.rnrnАко постојано се чувствувате богато, богатството сигурно ќе дојде кај вас. Богатството оди само кај оние што се благодарни за сè што имаат во овој момент.rnrnТоа е универзален закон. Богатството и недостигот се внатрешни состојби кои се манифестираат во вашата реалност. Подарете го она што го немате за да го добиете.rn
3. Ќе дозволам да ми се случуваат убави работи
rnБидете отворени затоа што универзумот е полн со енергија што чека да тече низ вас. Сè што треба да направите е да бидете духовно отворени.rnrnКолку повеќе ќе бидете отворени за позитивната енергија и за духовното изобилство, толку ќе бидете посреќни.rn
4. Нема да ги поистоветувам негативните мисли со срамот
rnНе постојат луѓе што никогаш не почувствувале гнев, љубомора, беда или лутина во текот на животот. Кога ги имате овие негативни чувства, важно е да ги препознаете, да ги разберете и да се потрудите да ги надминете, наместо да бегате од нив. Меѓутоа, важно е и да си простите себеси за тие чувства.rnrnПрочитајте која е вашата мантра од еден збор според хороскопскиот знак.