КАФЕ ПАУЗА

Работи кои треба да ги знаете пред да се откажете од работата за детето

Работи кои треба да ги знаете пред да се откажете од работата за детето

Не е лесно да се откажете од работното место за да се посветите на детето. Но, постојат мерки кои може да ги преземете за да ја направите оваа промена полесна. Џенифер Гефски и Стејси Дело се авторки на книгата „На вас е редот: Кариери, деца и враќање назад на работа – водич за вработени мајки“(Your Turn: Careers, Kids, and Comebacks—a Working Mother’s Guide)“, која е наменета за новите мајки кои работат. Еве што тие ги советуваат мајките кои се откажуваат од работата за детето.rnrnРаботи кои треба да ги знаете пред да се откажете од работата за дететоrn

Не заборавајте што ве мотивира

rnИако нема да работите во канцеларија, обидете се да го пронајдете оној дел од професијата кој ве поттикнал да работите во некоја друга активност. На пример, доколку сакате да дискутирате за големи идеи, може да формирате група за заедничко читање книги. Ова може да ви помогне да ја задржите мотивацијата и да се чувствувате исполнето дури и доколку сте дома цело време.rn

Изнајмете помош

rnМајките кои не работат често се чувствуваат неудобно да изнајмат дадилка, но бидете слободни да го сторите тоа кога ви е потребно доколку можете финансиски да си го дозволите. На почетокот може да имате потешкотии во средувањето на хаосот кој ќе го направи детето, па не е страшно доколку одвреме-навреме изнајмите помош.rn

Најдете пријателки кои се мајки

rnПријателките кои исто така се мајки може да ви бидат најголемата поддршка. Таквите пријателки може да се најдат на социјалните мрежи или на форумите. Освен тоа, секогаш можете да започнете разговор со некоја мајка во зоолошката градина или во паркот.rn

Хранете го мозокот

rnГрижата за детето не треба да ве спречи да читате или да посетувате културни настани. Може да најдете време за вас, колку и тоа да изгледа невозможно на почетокот. Обидете се со слушање аудио-книги доколку сте премногу уморни за читање.rn

Прифатете дека другите ќе напредуваат повеќе

rnТешко е да слушнете дека некој кој бил на почетно ниво од својата кариера успеал да го добие унапредувањето кое вие го сакавте. Треба да си признаете дека се чувствувате лошо за ова, но не дозволувајте негативните чувства да раководат со вас. Запомнете дека имате многу други обврски кои ве чекаат.rnrnМајките кои ќе останат дома за да се грижат за детето треба да ги одбегнуваат овие 14 застарени совети за одгледување деца.