КАФЕ ПАУЗА

Македонски афоризми полни со мудрост, хумор и иронија

Горан Јанкуловски познат како Стиховен Калибар ја објави новата книга, збирката афоризми „Стихија“. Книгата содржи 365 афоризми и читателите можат бесплатно да ја симнат од интернет. Без и малку респект кон чиновите, лицата и настаните, тој морално ги осудува и жигосува работите на свој дрзок и принципиелен начин.rnrnmakedonski-aforizmi-polni-so-mudrost-humor-i-ironija-kafepauza.mkrnrnПокрај „Стихија“, Стиховен Калибар досега ги има објавено и „Збирка мудрости и афоризми“, книгата со урбаната тематика, „Двоглед“ како и стихозбирката „Проклетници“. Во продолжение издвојуваме 30 афоризми од „Стихија“.rn

Ние сме мала нација,rnно редовно го јадеме поголемиот стап.

rn

Се бореа за правична застапеност,rnа сите имаа кривична одговорност.

rn

Каков апсурд!rnЦел живот не мрдна со ни со прст,rnа го вперува прстот кон другите.

rn

Јас сум бивалентно животно!rnМе третираат како говедо,rnа ме жртвуваат како јагне.

rn

Сите имаат многу високо мислење за себе.rnЗатоа и паднавме толку ниско.

rn

Од горчливото минато стана шеќераш.

rn

Професорот ја спаси да не ја запише годината на квадрат.rnВлезе со неа во љубовен триаголник.

rn

Со неа ја дозна тајната на успешната врска.rnНе дозна за ниедна нејзина тајна врска.

rn

Состојбата е средно жалосна.rnОва е свет на ниски страсти и високи потпетици.

rn

Во градскиот превоз редовно ечи сељачка музика.

rn

Сите ме читаат освен жена ми.rnТаа одамна ме има прочитано.

rn

Од увезените пилешки градиrnи на малолетните децаrnпочнаа да им растат гради.

rn

Денес пристоен живот имаат само ониеrnкои прифаќаат непристојни предлози.

rn

Беа како гз и гаќи.rnНа крајот ја усраа работата.

rn

На тркалезна маса ја ставија државата на коцка.

rn

Македонската борба продолжува.rnЕдни се борат за имот, други се борат за живот.

rn

Енергетичарите мислат на сиромашните.rnПремрзнатите коски зимоска ќе им ги подгреваат со изгор сметки.

rn

Наместо да ја делат правдата,rnтие го поделија судството.

rn

Во детството парите ги чував во мала касичка-прасе.rnДенес ми се кај големите свињи.

rn

Успешно ги положи сите испити на факултетот.rnПадна на испитот на животот.

rn

Македонија нема море,rnама многу Македонци станаа морепловциrnработејќи на туѓи бродови.

rn

На жените со широко отворени нозеrnсите врати им се широко отворени.

rn

Ми бараа познавање од компјутери.rnПотоа ме искористија како глушец…

rn

Имаше толерантен шеф.rnЍ даваше да пуши во канцеларија.

rn

Ме третираат како живина!rnСе будам со кокошките, колвам од трошките,rnа навечер се враќам како мисир.

rn

Не е сѐ така црно…rnБуржоазијата е на бело…

rn

Во турско се лееше крв на секој чекор.rnДенес се леат солзи на секоја серија.

rn

Во Македонија нема потреба од нудистичка плажа.rnМногу луѓе по улица шетаат голи и боси!

rn

Се грижат за нивната линија.rnДодека си го вадат лебот, им ја вадат маста!

rn

Каков апсурд?!rnМакедонија е родена во знакот на девица,rnа ја е*ава кој ќе стигне!