Проблемот со кој се соочуваат најмногу жени е како да ја одржат својата витка линија. Во потрага по одговори, многу дами ѝ се обратиле на најпаметната жена на светот. Американката Мерлин вос Савант, која го држи рекордот за жена со највисок коефициент на интелигенција, понудила решение за најголемиот проблем на многу жени. Иако можеби очекувате интелигентни информации и комплицирани совети, Мерлин дала сосем искрени одговори кои гарантирано ќе ви помогнат во борбата со килограмите.rn
rn
1. Заборавете на грицките
rnЕдно од најважните правила е да ги заборавите грицките. Во кујната треба да имате намирници за наредните 3 денови. Притоа треба целосно да ги изоставите слатките и солените грицки.rn
2. Исфрлете ги ужините
rnНаместо овошје и сок за ужина, Мерлин советува да се напиете шолја чај. Целосно спротивно на познатото мислење дека за вечера треба да јадете многу малку, Мерлин го завршува својот ден уживајќи во оброкот што го сака. Таа верува дека храната е корисна за телото кога сте гладни, а не кога распоредот ви вели да јадете.rn
3. Одвикнете се од калоричните разладени пијалаци
rnМерлин консумира сокови и млеко само за појадок, а важно правило до кое се придржува е пијалаци без мраз. Таа смета дека со мразот се уништува вкусот на пијалакот, па имаме потреба за повеќе. Покрај тоа водата со температура од 22 степени во лето е сосема доволно да го разлади вашето тело кое е изложено на високи температури.rn
4. Никогаш немојте да ја „чистите“ чинијата
rnСпоред Мерлин, прејадувањето е најлошиот вид фрлање вкусна храна. Колку и да е вкусен вашиот оброк, најдобро е да оставите дел за наредниот оброк, но никако за ужина или за грицкање. Ако не можете да се контролирате, користете помали чинии.rn
5. Уживајте во вечерата
rnУживањето во вечерата со пријателите и семејството полека изумира со брзиот начин на живот. Но, тоа не треба да ве спречи да уживате во секој залак. Обидете се да уживате во секој оброк така што ќе ги претворите во мали ритуали.rn
6. Ценете ја храната и уживајте во секој залак
rnАко сакате храна, тогаш однесувајте се со љубов кон секој залак, така што ќе ги почувствувате секој вкус и секоја арома. На овој начин ќе јадете побавно и ќе се ослободите од грчевите во стомакот, како и од прејадувањето.rn
7. Следете ги навиките
rnНајчесто секој од нас се опушта за време на викендот, а истото важи и за режимот на исхрана. Мерлин советува да се држите до вашиот распоред, а наместо да грицкате нешто излезете надвор и прошетајте.rn
8. Не потценувајте ги калориите
rnЗдравата храна не дозволува прејадување, а многу луѓе ги потценуваат калориите. Лесниот појадок и ручек кој го консумира Мерлин има околу 250 калории.rn
9. Јадете само храна којашто ја заслужувате
rnНикогаш не јадете лоша храна, вашето тело го заслужува само најдоброто. Па, заборавете на тестенините, мрсните сендвичи и чипсови бидејќи едноставно не го заслужувате тоа.rnrnДознајте и како Јапонките ја одржуваат својата линија.

