КАФЕ ПАУЗА

Луди места на кои луѓето кријат пари

Иако денес повеќе од 90 проценти од населението ги чува своите пари во банка, порано не било така. Во времето кога почнале да се појавуваат банките, луѓето со неверување гледале на нив, што воопшто не е за чудење. Отсекогаш постоело непишано правило дека се сомневаш во тоа што не го знаеш, па така и во овој случај. Па наместо парите да ги стават во банка, голем број решиле да ги земат работите во свои раце и да го заштитат своето како знаат и умеат.rnrnludi-mesta-na-koi-lugjeto-krijat-pari-kafepauza.mkrnrnВерувале или не, има такви што и денес го прават овој чекор и отвораат креативни домашни банки. Некои од најлудите места одбрани токму за оваа задача се наведени подолу.rnrnКутија за тампони – Дали од крадци или можеби од својот маж, ова е дефинитивно место на кое не би му текнало некому да провери.rnrnГрадник – Креативно место за криење пари, особено доколку патувате.rnrnПод паркет – Потребно е да се откачат само штица или две и малку копање. Резултатот е домашно направен сеф.rnrnРолна од тоалетна хартија – Обвиткајте ја конзервата во која се наоѓаат парите со тоалетна хартија и за само неколку секунди вашите пари се на сигурно.rnrnБожемска цевка за вода – Интересна идеја и лесно изводлива. Само не заборавајте во која цевка се скриени парите.rnrnКорпа за извалкани алишта – Може и една од најдобрите идеи, бидејќи реално, кој би сакал да допира извалкани работи?rnrnРамка за слика – Одберете ја највпечатливата и нема да имате никаков проблем.rnrnПравосмукалка – Е ова е ретка и ефективна идеја. Старата правосмукалка е совршена за оваа задача, но немојте да заборавите на парите и да ја фрлите по грешка.rnrnВо лажен џеб во внатрешноста на јакна – Една од најкористените идеи на времето.rnrnАквариум во кој плива злобна риба – Е па ајде некој нека се осмели и нека ја стави раката внатре.rnrnПа доколку и вие не им верувате на банките, овие десет идеи се само мал дел од можните варијанти кои можете да ги испробате. Колку ли само пари во застарени валути и непроменети на време останале неискористени?