КАФЕ ПАУЗА

Љубовта е…

Љубовта е...

Автор: Бојана Мандевскаrn
rn

„Таа љубов, така силна и треперлива, така нежна и така очајна.rnТаа љубов, убава како ден и грозна како време.rnТаа љубов, толку вистинска,rnТаа љубов, толку прекрасна,rnТолку среќна и весела,rnТаа љубов толку очајна…“rn- Жак Превер

rnЉубовта е...rnrnЉубов, ах таа љубов, вечна загатка и неисцрпна инспирација. Најголем човечки двигател. Не постои мотив кој создава повозвишени чувства и предизвикува помрачни дејства во истовреме. За љубовта се војувало и се војува. За неа се урива и се создава. За љубовта се пее и се твори. За неа се пишувало, се пишува и таа засекогаш ќе остане најголема муза.rnrnМногумина се обидувале да ја објаснат, дефинираат, но секогаш постои некој дополнителен збор, реченица која се надоврзува и  прави оваа тема да остане недообјаснета, недокажана. Или како што рекол Елин Пелин „ сè што ќе се каже за љубовта, сè е вистина“.rnrnЉубовта е...rnrnЕве неколку мисли за тоа што е љубовта и какви чувства таа предизвикува:rn
rn

„Љубовта е страст.“ – Мохамед Бенс

rn

„Во љубовта сè е ризик“. – Гете

rn

„За љубовта најопасното нешто се отсуствата.“ – Бранислав Нушиќ

rn

„Ако имаш љубов немаш потреба од ништо друго. Ако пак немаш, не е особено важно што друго имаш.“ – Џејмс Бари

rn

„Во љубовта и во поезијата сè е речено, а сепак сè треба допрва да се рече.“ – Блаже Конески

rn

„Ако ме терате да кажам зошто сум ја сакал, не можам да кажам ништо повеќе од тоа дека ТАА беше ТАА, а ЈАС бев ЈАС.“ – Монтењ

rn

„Тој човек што го сакаш во мене природно е подобар од мене, јас не сум таков. Но, ти сакај ме, а јас ќе се потрудам да станам подобар од себе.“ – Михаил Прашвин

rn

„Љубовта започнува со насмевки, расте со бакнежи и завршува со солзи.“ – непознат автор

rn

„Да сакаш значи да ја откриеш сопствената среќа во среќата на другиот.“ – Лубниц

rn

„Љубовта е кога една душа населува две тела.“ – Аристотел

rn

„Љубовта е дете на восхитот и мајка на разочарувањето.“ – Мигел де Унамуно

rn

„Знаеш дека е љубов кога не можеш да заспиеш бидејќи реалноста е многу поубава од сонот“. – непознат автор

rnЉубовта е...
rn

„Љубовта која се потхранува со подароци е вечно гладна.“ – Англиска поговорка

rn

„Љубовта е момент кој трае вечно.“ – Џули Вити

rn

„Почетоците на љубовта најчесто се застрашувачки, а крајот вообичаено е тажен, но сè што се случува измеѓу, го прави животот вреден.“ – непознат автор

rn

„Вљубеност е кога таа заспива на вашите раце, а се буди во вашите сни.“ – непознат автор

rn

„Љубовта е радост за добрите, чудо за мудрите и восхит за боговите.“ – Платон

rn

„Тоа што е недостижно за најголемиот ум, а е достапно за најмалото срце се вика ЉУБОВ.“ – Балзак

rn

„Ја добиваме љубовта како дар, но љубовта е нежно растение. Не можеш само да го земеш и да го ставиш на врвот од некој шкаф со мисла дека тоа ќе цвета самото. Треба да го полеваш, да се грижиш за него, да го одгледуваш.“ – Џон Ленон

rn

„Сексот ја убива напнатоста, љубовта ја создава.“ – Вуди Ален

rn

„Кај мажите желбата раѓа љубов, а кај жените љубовта раѓа желба.“ – Џонатан Свифт

rn

„Да сакаш некого значи да видиш чудо кое е невидливо за другите. Начинот да засакаш нешто е да си замислиш дека тоа можеш и да го загубиш.“ – Честертон

rn

„Ако сакаме некого вистински, тогаш единственото нешто што ѝ го посакуваме на таа личност е да биде среќна, дури и ако ние не сме дел од таа среќа.“ – непознат автор

rn

„Допирот на љубовта ги претвора луѓето во поети.“ – непознат автор


rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.