Сиетл е навистина модерен град, па можеби и не е толку чудно што едно куче е редовен корисник на една од автобуските линии. Но, она што е интересно е дека кучето се вози само.rnrn
rnrnЦрниот лабрадор кој има 2 години и се вика Еклипс, станало редовен корисник на една автобуска линија откако открило како само да стигне до паркот за кучиња.rn
„Сите возачи на автобуси ја знаат. Таа седи во автобусот како човек,“ изјавила една од жителите на градот. „Сите ги прави среќни. Не можеш да не ја сакаш.“
rn
rnrnСопственикот на кучето, Џеф Јанг, живее веднаш до автобуската постојка и изјавил дека Еклипс многу пати сама се качува во автобусот ако тој не завршил со својата цигара кога ќе пристигне автобусот.rn
„Се среќаваме во паркот за кучиња,“ рекол Џеф.
rn
rnrnВозачите на автобусот изјавиле дека се навистина среќни што едно куче знае како да го почитува редот. Сепак, кучињата секогаш треба да се врзани и дозволено е да го користат јавниот превоз на одговорност на возачот, сè додека не претставуваат опасност за луѓето.rnrn
rnrnИако за нас можеби изгледа чудно, но во Москва постојат многу улични кучиња кои знаат да го користат јавниот превоз. Тие секогаш знаат каде да се симнат, а понекогаш им помагаат и на другите кучиња.rnrn
rnrnПогледнете и некои интересни работи кои ќе ги разберат само сопствениците на кучиња.
