КАФЕ ПАУЗА

Како да ги употребите тапите од вино?

Како да ги употребите тапите од вино?

Written by

in

,

Дали знаете дека тапите од вино не скапуваат? Освен тоа, тие се толку лесни и интересни по облик и текстура, па наредниот пат кога ќе пиете вино не мора да ги фрлате во корпа за ѓубре. Следниве идеи се одлични ако имате многу тапи и ги чувате во некоја кутија. Еве како да ги искористите.rnrnКако да ги употребите тапите од вино?rn

Палење оган

rnНамокрете ја тапата со алкохол и ставете неколку такви тапи во камин под стари хартии. Запалете ги тапите со рачна запалка и огнот брзо ќе почне да гори.rn

Заштита на алатите

rnВо тапата направете дупка. Тапата ставете ја на врвот на острите алати за да ја заштитите нивната острина, но и вашата безбедност.rn

Шкрипење на врати од ормани

rnОд тапата исечете мало тркалце и залепете го на внатрешниот агол од вратичката од орманот кој шкрипи.rn

Работна површина

rnКако да ги употребите тапите од вино?rnrnАко имате многу тапи кои не сте ги фрлиле, ова е одличен начин да ги искористите. Земете четири штици со должина по ваша желба (зависи колкава работна површина ви треба). Залепете ги штиците за да добиете правоаголен или квадратен облик. Во празнината, ставете ги тапите и лепете ги една до друга, странично. Во празнините во кои не може да се стави цела тапа, исечете делови од тапата и вметнете ги. Така, ќе добиете работна површина во кујната (на која може да ставите жешко тенџере)  или во вашата работилница.rn

Ѓубриво за почва

rnЗемете неколку тапи, исечете ги или раздробете ги ситно во гранули. Ставете ги во почвата во вашата градина наместо класично ѓубриво.rn

Сјаен нож

rnЗа кујнскиот нож да ви биде сјаен, намачкајте го со средство за чистење и тријте го со тапа, наместо со абразнивно средство. Така, ножот ќе биде сјаен.rn

Потпирач на врата

rnКако да ги употребите тапите од вино?rnrnНа тапата ставете дебела игла, протнете ја низ тапата и иглата забодете ја во подот, низ дупчињата од паркетот. Тоа ќе спречи удирање на вратата во ѕид.rn

Држач за лампиони

rnКако да ги употребите тапите од вино?rnrnЗемете го лампионот и на горниот дел протнете  рибарски конец. Со игла, провлечете го рибарскиот конец низ тапата. Од рибарскиот конец направете отвор во кој ќе можете да го закачите лампионот на новогодишната елка.rn

Лента за остри ножеви

rnЗалепете неколку тапи странично, едно до друго. Лентата со тапи ставете ја во фиоката и поставете ја странично каде што доаѓаат врвовите од ножевите. Така, врвовите на ножевите нема да направат дупка во дрвената фиока и ќе останат остри.rn

Тапа наместо селотејп

rnИсечете ја тапата по должина. На исечените парчиња ставете течен лепак и лепете на аглите од вашите постери и други хартиени проекти кои ги поставувате на ѕидот. Цврстината на тапата нема да дозволи да се изместуваат.rn

Држач за картички

rnКако да ги употребите тапите од вино?rnrnОва е многу инвентивен начин за вашата забава, роденден или прослава. На тапата со нож направете странична вдлабнатина, доволно длабока за да се стави картичка. Потоа, ставете ја картичката со соодветни информации на секоја маса.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.