Фризурите и стилизирањето на косата на членките на кралските семејства со векови биле строго дефинирани, сè додека принцезата Дијана не внесе нов бран со нејзината нетипична, но препознатливо обликувана коса. Фризурата на Лејди Ди стана заштитен знак на 80-тите, а жените кои ѝ се воодушевуваа, сакаа да го постигнат истиот изглед. Потоа, на ред дојдоа нејзините снаи.rnrn
rnrnЕдноставната долга коса на Кејт Мидлтон за кратко време го освои светот, додека пак идната сопруга на принцот Хари, Меган Маркл, смело експериментира со најразлични стилови. Погледнете како кралската традиционална фризура се менувала во текот на годините, од времето на кралицата Елизабета I, преку принцезите Маргарет и Ен, до Кејт и Меган.rnrnЛокните на кралицата Елизабета Ангела Маргарет Боус-Лион ѝ беа заштитен знак од раните 20-ти, до доцните 30-ти години од минатиот век. Таа во младоста ги носела лесно распуштени, а потоа често избирала лежерен, но истовремено и цврст кок. Подоцна ја скратила косата, но локните секогаш ѝ биле совршено средени.rnrn
rnrnПринцезата Маргарет, во периодот околу 40-тите години имала кратка, убаво средена и негувана коса во согласност со модните правила и традиции на кралското семејство.rnrn
rnrnКралицата Елизабета II и нејзината препознатлива фризура – во нејзиниот стил нема големи промени. Обликот на фризурата го задржала уште од младоста, а често може да се забележи и со шапки, кои се нејзин омилен моден додаток и ден-денеска.rnrn
rnrnГрејс Кели изгледала беспрекорно во годините кога станала член на кралско семејство. Оваа филмска икона во моментите на најголема популарност, негувала еден препознатлив стил – коса со должина до вратот, брановидна, со крупни локни и секогаш руса.rnrn
rnrnНа принцезата Ен секогаш ѝ е важно косата да ѝ е полна со волумен, без разлика дали е долга, кратка, права или слободно распуштена.rnrn
rnrnРеволуцијата на принцезата Дијана – таа е првата која им пркосела на правилата, носејќи кратка коса, со светли руси нијанси и многу волумен. Иако обликот речиси секогаш ѝ беше различен, нејзината препознатлива фризура била една од најбараните во фризерските салони во текот на 80-тите и 90-тите години.rnrn
rnrnКејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ е препознатлива по косата со природна нијанса, средна должина и волуменозни бранови. Иако сама по себе оваа фризура не бара многу обликување и стилизирање, сепак предизвика општа опсесија кај девојките кои во 2010 година најдоа модна инспирација кај сопругата на принцот Вилијам. Дури и на својата венчавка, Кејт не отстапи од стилот кој го негува и ден-денеска. Сепак, откако и официјално ја доби титулата војвотка, често можеме да ја видиме со внимателно собрана коса и вешто избран моден додаток во неа. Неодамна, војвотката од Кембриџ се појави со нејзината препознатлива фризура, но нешто пократка од вообичаено.rnrn
rnrnМеган Маркл, идната сопруга на принцот Хари, пред целосно да го прифати кралскиот начин на живот беше актерка која обожаваше да експериментира со фризурите, но секогаш ја задржуваше природната нијанса на косата. Како иден член на кралското семејство кој неретко им пркоси на правилата, таа продолжува со менување на стиловите, но она што останува препознатливо кај неа е негувањето на природната брановидна форма на нејзината коса.rnrn
rnrnПрочитајте и зошто кралицата Елизабета го мрази своето крунисување.
Кратка историја на кралските фризури, од кралицата Елизабета I до Меган Маркл
