КАФЕ ПАУЗА

Компјутерот што се обидува да ги дешифрира писмата на убиецот Зодијак прави нешто морничаво

Компјутерот што се обидува да ги дешифрира мистериозните писма потпишани од серискиот убиец Зодијак почнал да создава поеми. Убиствата Зодијак се серија нерешени убиства кои се случувале од декември 1968 година, до раните 1970-ти години во северна Калифорнија.rnrnkompjuterot-shto-se-obiduva-da-ja-reshi-misterijata-zodijak-pravi-neshto-mornichavo-kafepauza.mkrnrnИдентитетот на убиецот, кој наводно е одговорен за смртта на барем 5 луѓе, останува непознат. Покрај тоа што се прославил поради нерешените убиства, Зодијак го привлекол вниманието на јавноста со тоа што често испраќал шифрирани писма во кои детално ги опишувал убиствата.rnrnИмето Зодијак потекнува од симболите кои се користени во писмата и од описот кој го дал еден човек кој успеал да му избега на убиецот. Во 2004 година официјално бил прогласен за „неактивен“, но случајот останува тема на многу истражувања.rn

CARMEL – пробивач на кодови и поет

rnЕдно од тие истражувања резултирало со вештачка интелигенција чија цел е да ги декодира писмата на Зодијак. Во раните денови, првите пораки од убиецот биле декодирани од луѓе кои сакале крстозбори. Денес оваа задача му припаѓа на CARMEL. Компјутерот има и онлајн алатка и исто така може да создава и малку вознемирувачки поеми, на основа на зборовите од декодираните писма. Кога бил замолен да напише поема за љубовта, со 4 стиха во форма на Шекспирова сонета, компјутерот го напишал следново:rn

Заборави го бакнежот на Јулија,rnТоа е толку стара романтична комедија,rnСакам да знам за мал љубовен дует,rnИсто како и вие и јас и сите останати.

rnВо случај ова да било само морничава коинциденција, бидејќи љубовна поема напишана од убиецот Зодијак секогаш би звучело чудно, тие искористиле генератор на зборови за случаен избор за да видат дали истото ќе се повтори. Тоа и се случило…rnrnЗборот „активен“ ја инспирирал оваа поема:rn

Политичка кариера број еден!rnИли самата помисла за водечка фигура,rnНачините на живеење како волонтер,rnКако кариера актер пејач.

rnМорничаво, се согласувате?rnrnЗа зборот „товар“ го напишал следново:rn

Пошта од милион долари!rnИли многу проблеми на патот во Милвоки,rnТони вода од стара вага,rnУдар помеѓу очите и потоа истовар.

rnКреаторот на компјутерот е професор Кевин Најт, експерт за природно процесирање на јазици. Претходно компјутерот се користел за да се дешифрира текст од 105 страни напишан во 18-тиот век, кој бил користен од еден таен германски клуб.