Истражувачите откриле ново сознание дека канабисот буквално може да го промени срцето на корисникот. Тие, исто така, откриле дека канабисот ја нарушува способноста на овој витален орган нормално да функционира.rnrn
rnrnНеодамна тим научници објавиле истражување во списанието „ JACC Cardiovascular Imaging“ во кое тие ја објаснуваат нивната анализа по скенирање на срцата на 3.407 лица без срцеви заболувања. Овие анализи биле собрани како дел од студијата направена за Biobank во Велика Британија.rnrnОд луѓето вклучени во истражувањето, 47 биле редовни корисници на марихуана, што значи дека ја користеле оваа супстанца на дневна или неделна основа во последните пет години. Другите 105 луѓе користеле канабис редовно пет или повеќе години претходно, додека останатите ретко или никогаш не користеле марихуана.rnrnТимот пронашол поврзаност помеѓу редовната тековна употреба на марихуаната и проширувањето на лева комора на срцето. Тие, кај тековните корисници откриле и рани знаци на нарушена срцева функција, што ги утврдиле преку мерење на деформација на срцевите мускулни влакна за време на нивните контракции.rnrnТие веруваат дека ова е прва студија која се занимава со систематски известување за промените во структурата на срцето и неговото функционирање поврзувајќи ги наодите со рекреативната употреба на канабис. Мерењата ги направиле употребувајќи срцев MRI, што е многу чувствителна алатка за следење на моменталниот референтен стандард за проценка на срцевите комори.rnrnТимот забележал дека површината на левата комора е непроменета кај сите три групи, како и количината на крв што ја испушта комората при секое отчукување на срцето. Исто така, научниците забележале дека студијата има неколку ограничувања, вклучително и фактот дека 96 % од учесниците биле од бела раса.rnrnСепак, тие веруваат дека наодите што ги откриле се многу значајни, но ќе треба да се спроведат и нови истражувања, со оглед на трендот за легализација на марихуаната во многу земји.rnrnОд тие причини, тие велат дека е потребно итно систематско истражување со кое ќе ги идентификуваат долгорочните импликации врз срцето при редовното консумирање канабис. Ова ќе им овозможи на здравствените работници и креаторите на политиките да ги ревидираат советите упатени кон пациентите и пошироката јавност.rnrnМожеби сакате да прочитате и декa мажите кои не можат да направат 10 склекови се изложени на поголем ризик од срцеви заболувања.
Според едно ново истражување марихуаната ја менува структурата на срцето
