КАФЕ ПАУЗА

12 знаци дека таа е жената со која треба да се ожените

12 знаци дека таа е жена со која треба да се ожените

Можеби мислите дека сте ја нашле совршената девојка, но како да бидете сигурни? Дали воопшто можете да бидете сигурни за нешто такво? Иако само времето може да ви покаже дали сте биле во право, сепак постојат некои работи со кои можете да утврдите дали работите ќе се движат во вистинската насока. Ако размислувате за брак, ова се 12-те знаци дека вреди да се ожените со вашата девојка.rnrn12 знаци дека таа е жена со која треба да се оженитеrn

1. Сакате да бидете подобра личност поради неа

rnАко сте забележале дека работите на себе и сакате да станете подобра личност, голема е веројатноста вашата девојка секогаш да го извлекува најдоброто од вас. Одлично е да бидете со личност која прави да станете подобри, а ова ќе му помогне на вашиот брак да биде успешен.rn

2. Го кажува она што го мисли

rnСекогаш знаете како да се однесувате со неа бидејќи никогаш не го крие тоа што го мисли. Некои девојки играат игри и прават чудни работи за да привлечат нечие внимание. Но вашата девојка е искрена за нејзините чувства.rn

3. Нема потреба постојано да биде со вас

rnТаа си има нејзин живот. И иако сака да го дели со вас, и двајцата си имате различни патишта. Таа сака да се дружите со вашите пријатели и семејство, како што сака и самата да поминува време со нив.rn

4. Без сомнение сте сакале да ја запознаете со вашите родители

rnУште на почетокот сте знаеле дека можете да ја претставите на вашата мајка. Иако постојат мислења дека мажите се „венчаваат“ со нивните мајки, тие всушност не бараат девојка што ќе ја замени нивната мајка, туку која ќе се грижи за нив и ќе ги сака.rn

5. Знае дека не е единственото добро во вашиот живот

rnТаа го почитува фактот дека има и други работи кои ве прават среќни. Таа сака да ги сподели тие нешта со вас, а не да ве чува од нив.rn

6. Независна е

rnТаа си има своја работа и свој пат, а вие ја сакате токму поради тоа. Нејзината среќа не зависи од вас, но вие без сомнение ја дополнувате и ја правите посреќна.rn

7. Сака да пробува нови нешта во и надвор од спалната соба

rnСексот е важен во секоја врска, а ако сте со девојка која не се плаши да проба нови работи, чувајте ја.rn

8. Има сопствено мислење

rnЌе ви каже што мисли, но не очекува да се согласите со неа. Таа го почитува тоа што имате различни гледишта за светот.rn

9. Не го крие нејзиниот живот од другите

rnТаа сака да ве покажува пред семејството и пријателите. Сака да им кажува на другите колку сте среќни заедно. А вам ви годи што ја правите среќна.rn

10. Не ги генерализира нејзините изјави

rnДури и кога е гневна, не ви вели дека сите мажи се исти. Вие сте посебна личност и таа го знае тоа. Таа ќе биде фер дури и кога се расправате.rn

11. Има цели

rnЖените со амбиција се оние кои треба да ги чувате. Не само што ќе ви помогне и вам, туку е навистина забавно да бидете во нивно друштво. Тие имаат соништа и надежи кои го прават животот интересен.rn

12. Се чувствувате среќни што сте со неа

rnПонекогаш не ви се ни верува дека оваа неверојатна жена сака да биде со вас. Тоа е сè што треба да знаете.rnrnПа ако се прашувате дали сте подготвени за следниот чекор, размислете за сите работи кои партнерката ги придонесува во вашиот живот. Бракот бара посветеност и многу работа, но ако вие и вашата партнерка си одговарате сè ќе биде многу полесно.rnrnПогледнете и што треба да направите со вашиот партнер пред да стапите во брак.