Колку чинат одморите на познатите?

Сподели

Кога славните личности одлучуваат дека им е време да се одморат, не штедат пари за да си го обезбедат најдоброто можно патување. За да проценат колку пари трошат познатите на нивните одмори, луѓето од Hopper Travel собрале податоци за дестинациите кои тие ги посетуваат.rn

Реклама

Кабо Сан Лукас, Мексико

rnЏенифер Анистон и нејзиниот свршеник Џастин Теро го обожуваат ова место, а и Лејди Гага често го посетува. Сместувањето во луксузната вила „Villa de la Luna“ чини 11.500 долари за седум дена.rn
rn

Сан Тропе, Франција

rnЈугот на Франција е многу популарен за познатите. Неодамна, Ума Турман и нејзиното семејството престојуваа во ова популарно место на југот на Франција, исто како и Мила Кунис и Ештон Качер. Еднонеделно сместување во „Villa Peninsula“ може да чини и до 47.500 евра.rn
rn

Бора Бора

rnХајди Клум е голем обожавател на овој остров, па токму затоа не ѝ е проблем да издвои 35.000 долари за една недела во одморалиштето „St. Regis“.rn
rn

Лос Кабос, Мексико

rnУште еден обожавател на плажите во Мексико е Кејт Бекинсејл. Еднонеделно сместување во вилата „Golondrina“ може да чини и до 15.400 американски долари.rn
rn

Миконос, Грција

rnЧленовите на семејството Кардашијан поминаа еден летен распуст на овој грчки остров, а истото го стори и Софија Вергара. Двонеделно сметување во вилите „Aegean Luxury“ може да чини и до 30.000 американски долари.rn
rn

Порторико

rnКога Ева Лонгорија ќе се реши да појде на одмор, можете да се обложите дека ќе биде луксузен. Една недела мината во вилата „Puerto Rico“ чини и до 31.500 долари.rn
rn

Хаваи

rnКети Пери и Џон Маер, како и многу други познати ѕвезди, обожаваат да одат на одмор на Хаваите. Една недела во хотелот „Honu Kai“ чини 11.500 американски долари.rn
rn

Ибица, Шпанија

rnПарис Хилтон може ја има привилегијата да се сместува бесплатно во хотелите „Хилтон“, но за еднонеделно летување во вилата „Can Boheme Ibiza“ издвојува 15.000 американски долари.rn
rn

Капри, Италија

rnЏенифер Анистон има уште една омилена дестинација, а тоа е Капри во Италија. Една недела помината во вилата „Il Tramonto“ може да чини и до 20.000 американски долари.rn
rn

Хавана, Куба

rnПознатиот пар Џеј Зи и Бијонсе, за една недела во вилата „Cuba Luxury Rent“ одвои 25.000 американски долари.rn
rn

Осло, Норвешка

rnРијана неодамна уживаше на одмор во Норвешка каде што цената на еден луксузен апартман, како оние во хотелот „Grand Hotel“, може да чини до 60.000 евра, за една недела.rn
rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

Популарно

Може ќе ве интересира