КАФЕ ПАУЗА

4 причини зошто ве боли главата по вежбањето

4 причини зошто ве боли главата по вежбањето

Без разлика дали станува збор за трчање, возење велосипед, аеробик или пилатес, добриот тренинг е одличен начин да бидете во форма и задоволни со вашиот изглед. Сепак, по тренингот може да почувствувате пулсирачка главоболка, а во продолжение ќе откриете кои се причините за тоа.rnrn4 причини зошто ве боли главата по вежбањетоrn

Не пиете доволно вода

rnРечиси е излишно да се нагласи колку е важно да се внесува доволно вода во текот на денот. Додека тренирате, се потите, а со тоа губите течности. Ако вашето тело е дехидрирано поради недостаток на вода, вие не само што ќе почувствувате неподнослива главоболка, туку и грчеви во мускулите, вртоглавица и гадење, па дури и нагон за повраќање.rn

Имате ниско ниво на шеќер во крвта

rnНиското ниво на шеќер во крвта е исто така една од причините за главоболка по тренингот. Ова не значи дека треба да изедете цело чоколадо пред тренингот, туку дека треба да практикувате здрава и балансирана исхрана. Вашето тело согорува многу калории за време на тренингот, па затоа вашата исхрана треба да биде богата со јаглехидрати.rn

Се форсирате премногу

rnАко неодамна започнавте нов вид тренинг во кој вложувате дополнителен напор, можеби ќе имате главоболка наречена главоболка при напор. Овој вид главоболка се јавува при екстремен физички напор, за кој телото не е подготвено. Вашето тело испраќа повеќе кислород до мускулите кои ги прават вежбите наместо до вашиот мозок, па поради тоа ве боли главата.rn

Не спиете доволно

rnАко вежбате откако не сте се одмориле најдобро, големи се шансите да завршите со страшна главоболка. Потребни ви се најмалку 8 часа квалитетен сон за да можете да вежбате и да ја избегнете главоболката.rnrnПрочитајте што ќе се случи со вашето тело ако почнете да вежбате пред спиење.