Едно истражување при Универзитетот „Џон Хопкинс“ сугерира дека ризикот од развој на шизофренија во подоцнежниот животот бил приближно 24% понизок кај децата под 13 години кои израснале со куче како домашно милениче.rnrn
rnrnИако авторите на студијата посочуваат дека се потребни повеќе истражувања на оваа тема, резултатите од ова истражување сугерираат дека кај децата кои растат со куче од најрана возраст може да се промени имунолошкиот систем на различни начини.rnrnДецата кои имаат куче за миленик реагираат поразлично на алергиските реакции затоа што се во контакт со животински бактерии и вируси, а растењето со куче може да влијае и на промените во микробиомот. Исто така, многу е важно дека растењето со куче го намалува стресот кај децата, што може да влијае и на хемијата на човечкиот мозок, покажала студијата.rnrnПостојат неколку уверливи објаснувања за потенцијално заштитниот ефект кој го има контактот на детето со куче за време на раното детство. Можеби нешто од микробиомот на кучето се пренесува и на луѓето и го зајакнува имунолошкиот систем, истакнуваат истражувачите.rnrnПретходните истражувања покажале дека бактериите кои се наоѓаат во дигестивниот систем на кучето може да бидат корисни за развојот на добрите бактерии во човековото тело.rnrnДобро е познато дека тешките психијатриски нарушувања се поврзани со промени во имунолошкиот систем кои се јавуваат при изложеност на околината во раните години од животот, а бидејќи миленичињата честопати се меѓу првите кои имаат близок контакт со децата, логично било да се испита можната поврзаност на овие два фактори, според Роберт Јолкен, раководител на истражувањето и директор на Одделот за детска неврологија при Детскиот клинички центар „Џон Хопкинс“.rnrnНаучниците се изненадиле кога забележале дека има статистички значајно намалување во наодите со шизофренија, што значи дека не случајно постоел помал ризик за развој на оваа состојба кај личностите кои израснале со куче како миленик.rnrnСтудијата опфатила 1371 лица на возраст меѓу 18 и 65 години, вклучувајќи 396 лица со шизофренија и 381 на кои им било дијагностицирано биполарно нарушување.rnrnУчесниците во истражувањето беа запрашани дали имале куче во текот на првите 12 години од нивниот живот.rnrnКористејќи статистички модел, научниците откриле дека луѓето кои израснале со кучиња пред да наполнат 13 години, имаат дури 24% помала веројатност подоцна во животот да стекнат шизофренија.rnrnНајголем заштитен ефект е забележан кај децата кои веднаш по раѓањето имале контакт со куче како домашно милениче.rnrnКога станува збор за мачките како домашни миленичиња, научниците откриле дека не постои значителна корелација помеѓу растењето со нив и подоцнежниот намален ризик од развој на шизофренија или дијагностицирање на биполарно нарушување.rnrnРезултатите од ова истражување биле објавени во списанието PLOS One.rnrnМожеби сакате да прочитате и за тоа дека луѓето повеќе ги бакнуваат своите кучиња отколку партнерите.
Кој не би ги сакал? Откриени се нови позитивни ефекти врз здравјето на децата кои растат со кучиња
