КАФЕ ПАУЗА

Кои се најлошите 8 места во вашиот дом за криење на заштедените пари?

Некои луѓе имаат свои причини зошто наместо чување на парите во банка, тие ги кријат во својот дом. Дали и вие сте од оние кои ги криете заштедените пари во вашата куќа? Ако се пронаоѓате, тогаш погледнете ги овие места каде што вашите пари не се воопшто безбедни, па имајте ги на ум за во иднина…rnrnЕве кои се најлошите 8 места за да ги чувате вашите париrn

1. Во дворот

rnЗакопувањето на парите во дворот дефинитивно не е добра идеја, поради следниве причини:rn

    rn011

  • Вашиот сосед може да ве види додека ги криете.
  • rn011

  • Ако вашето милениче сака да копа дупки, тогаш лесно може да ги открие.
  • rn011

  • За време на дожд, постои опасност од нивно уништување.
  • rn

rnЕве кои се најлошите 8 места за да ги чувате вашите париrn

2. Под душекот

rnИ покрај тоа што уште од старо време парите се криеле под душекот, не треба да мислите дека таму се најбезбедни само затоа што спиете врз нив. Кога не сте дома, тоа е првото место каде што крадците би провериле.rnrnЕве кои се најлошите 8 места за да ги чувате вашите париrn

3. Во торбите за пазарување

rnДури и на крадците да не им текне да проверат во вашите торби за пазарување, тие може да посегнат по нив за да ги понесат предметите што планираат да ги украдат. А, покрај сѐ, сигурно не сакате да им понудите уште едно пријатно изненадување.rnrnЕве кои се најлошите 8 места за да ги чувате вашите париrn

4. Во старите паричници и чанти

rnНе ставајте ја вашата заштеда во старите паричници и чанти. Дури и да не ги користите повеќе, тие се многу очигледно место за криење.rnrnЕве кои се најлошите 8 места за да ги чувате вашите париrn

5. Во кошевите за нечиста облека

rnМожеби сметате дека е добра идејата да ги чувате парите во кошевите за нечиста облека, затоа што тоа е место каде што никој не би сакал да чепка. Но, исто како и торбите за пазарување, така и кошевите крадците ги користат за транспорт на украдените предмети.rnrnЕве кои се најлошите 8 места за да ги чувате вашите париrn

6. Позади фотографија во рамка

rnУште една класика. Крадците ги гледаат истите филмови како и вие, па нема да се двоумат да ги проверат и вашите „потајни“ места за чување на парите.rnrnЕве кои се најлошите 8 места за да ги чувате вашите париrn

7. Во сефови кои не се заклучени

rnБез разлика дали е голем или мал, вашиот сеф е речиси бескорисен ако крадците можат да стигнат до него. Препорачливо е да го ставите позади некој предмет кој е тешко да се помрдне, на пример плакар, врата, па дури и под подот.rnrnЕве кои се најлошите 8 места за да ги чувате вашите париrn

8. Во фиоки

rnНиту фиоките не се безбедни за да ги криете вашите пари во нив. Најчесто крадците имаат предмети со кои можат да одвртуваат, па затворените места не им претставуваат проблем.rnrnЕве кои се најлошите 8 места за да ги чувате вашите париrnrnЕве неколку предлози што би можеле да направите доколку сепак сакате да ги чувате вашите пари дома:rn

    rn011

  • Завиткајте ги во пластична кеса и залепете ги на дното од кујнскиот шанк или на дното од кутијата за играчки на вашето дете (најдобра опција е да создадете лажно дно).
  • rn011

  • Чувајте ги во најдолната фиока од вашиот фрижидер во водоотпорен сад. Сепак, не оставајте да стои некој натпис, како на пример „сладолед“ кој би ги привлекол крадците да го пробаат.
  • rn011

  • Сокријте ги помеѓу копчињата и другите додатоци за шиење. Најверојатно крадците нема да погледнат таму.
  • rn011

  • Во пар стари чевли, облека или пак можеби во стар компјутер кој не работи повеќе. Обидете се да оставите впечаток дека тоа е само едно обично ѓубре во вашиот дом кое сѐ уште не сте го отстраниле.
  • rn