Архипелагот Лофотен во Норвешка се наоѓа северно од Арктичкиот круг. Сепак, во текот на годината има температури кои се косат со неговата местоположба. Тоа е така поради најголемата позитивна температурна аномалија поврзана со географската ширина. Тоа го прави Лофотен – Арктички рај. Бидете подготвени. Ова место го одзема здивот.rnrn
rnrnТука можете да најдете безброј видови морски птици, како што се морскиот орел, кормораните и пафините. Видрите се вообичаени жители на островот, а од рибите најзастапен е лосот.rnrn
rnrnДоселениците на еден од островите, му го дале името Лофотен што значи „стапалото на рисот“. Друг остров бил крстен „стапалото на волкот“, а всушност, од птичја перспектива овие острови навистина наликуваат на стапките од овие животни. Но сепак, целиот архипелаг се вика Лофотен и е област во норвешкиот Нордланд.rnrn
rnrnБлагодарејќи на климата, Лофотен е центар на риболовците на бакалар векови наназад. Ваган е првиот забележан град во северна Норвешка кој исто така бил Викиншки град. Луѓето се привлечени кон Лофотен поради неговиот прекрасен морски живот. Бакаларите, кои мигрираат од Баренцовото море, доаѓаат во Лофотен да се мрестат и од неодамна тоа е главен профит во рибарската индустрија. Со векови, Норвешка е најголемиот извозник на бакалар од Северна Европа.rnrn
rnrnЛофотенските планински врвови сигурно не наликуваат на стапало од рис. Тие се нарекуваат Лофотенски ѕидови кои, гледани од птичја перспектива, ги покриваат останатите врвови зад нив. Всушност, поставеноста на врвовите кои се 1.100 метри високи, е таква што тие ги преградуваат сите острови во архипелагот.rnrn
rnrnОна што ја создава аномалијата на Арктичкиот круг се многубројните заливски потоци кои се под влијание на Норвешката струја и Северноатлантската струја. Глетката на реки и поточиња ќе ве натера да се запрашате дали сте навистина во Арктичкиот круг, бидејќи кога ќе се спомне самото име, веднаш помислуваме на снег и неверојатно ладни зими.rnrn
rnrnОвие прекрасни острови изобилуваат со природни богатства, но сепак, нивната репутација не е глобална. Планините со издолжените врвови изгледаат дури и нереално. Нема да се изненадите ако некој од локалните жители се претвори во хобит :)rnrn
rnrnЛофотен има и убави плажи, но капењето во овие води може да биде опасно поради морските струи. Сепак, во близина на брегот, водите се прилично мирни.rnrn
rnrnАрхипелагот е најсеверното место во светот каде годишните температури се над нулата. Во јануари, во просек е -1 степен, а во летните месеци просечните температури се 13 степени Целзиусови. Најтоплата температура измерена тука е 30,4 степени. Не е премногу топло, но земајќи предвид каде се наоѓа….rnrn
rnrnЛофотен е толку далеку на север што може да го искусите и полноќното сонце. Секоја година од 26-ти мај до 17-ти јули, сонцето е над хоризонтот 24 часа на ден, односно никогаш нема потполна ноќ. За разлика од тоа, во зимските месеци од 9-ти декември до 4-ти јануари е целосно темно. Оваа состојба не е идеална за да биде место на живеење, па така ова е еден од недостатоците на овие острови.rnrn
rnrnЛогично, овој архипелаг е под заштита на UNESCO, а тимот на National geographic го рангираше трет на листата на најубави острови во светот.rnrn
rnrnВо просек има по 100.000 туристи во текот на годината, што е релативно малку за ваква убавина. Но, прашањето е: Дали би сакале да го поделите ова волшебно место со останатиот свет?rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
