Неверојатни факти за близнаците кои сигурно не сте ги знаеле досега

Сподели

Две личности, родени во исто време. Понекогаш идентични, а понекогаш целосно различни, но секогаш мистериозни. И покрај тоа што ретки се оние кои имаат брат/сестра близнак, сепак секој од нас во одреден момент од својот живот посакал да има близнак кој ќе му помогне во одредена цел. Но, колку навистина знаете за близнаците? Погледнете ги овие неверојатни факти кои без сомнение ќе ве остават без зборови…

Реклама

rn

1. Близнаците можат да имаат различни биолошки татковци

rnИ покрај тоа што секоја жена најчесто испушта по една јајце клетка месечно, понекогаш може да се случи да испушти две. Овие две јајце клетки можат да бидат оплодени од двајца различни машки донатори. Еден сет близнаци, но двајца татковци.rn

Реклама

2. Близнаците можат да бидат од различна раса

rnДоколку родителите на близнаците се од различна раса, нивните јајце клетки и сперматозоиди ќе содржат генетски материјали кои можат да создадат различни бои на кожа. Бидејќи постојат милиони исходи, близнаците можат да се родат со целосно различна боја на кожа.rn

3. Одвоените близнаци најчесто водат многу слични животи

rnПостојат различни истражувања кои ни потврдуваат дека оние близнаци кои биле разделени на раѓање, живееле морничаво слични животи. Се случувало тие да се оженат или омажат со личност со истото име, да ги крстат своите деца со истите имиња или пак, да започнат со истата кариера.rn

4. Доколку идентични машки близнаци имаат деца со идентични женски близнаци, нивните деца ќе бидат братучеди, иако всушност се браќа/сестри

rnБидејќи генетскиот код на идентичните близнаци е идентичен, доколку тие имаат деца, тогаш тие ќе имаат ист генетски код како нивните братучеди.rn

Реклама

5. Близнаците се знак дека мајката ќе има подолг живот

rnСе верува дека потребно е навистина здрава жена за да се родат близнаци, делумно поради еволуциската адаптација, со цел да се пренесат нејзините гени два пати во една бременост.rn

6. Повисоките жени имаат поголема шанса да родат близнаци

rnНациите со жени кои се повисоки од просекот, имаат и повисок број родени близнаци. Високите личности имаат подобри хормони за растење, кои ја зголемуваат шансата за зачнување близнаци.rn

7. Жените кои многу консумираат млечни производи имаат поголеми шанси да родат близнаци

rnСите тие одлични витамини и минерали кои се наоѓаат во млечните производи ја зголемуваат и до 5 пати шансата за зачнување близнаци.rn

8. Близнаците покажуваат јасни знаци на поврзаност уште во матката

rnСпоред една италијанска студија, близнаците посегнуваат едни по други дури и кога се само 14 недели стари. До крајот на 18-тата недела, тие повеќе го допираат близнакот отколку што се допираат самите себеси.rn

9. Близнаците можат да бидат идентичен одраз едни на други

rnОколу четвртина од сите близнаци се насочени едни кон други во матката, па токму затоа и ќе станат одраз. Еден од нив ќе биде левак (токму затоа и најчесто близнаците се леваци), а другиот деснак. Доколку имаат вродени белези, тие ќе им се појават на спротивни страни од телото…rn

10. Сијамските близнаци можат да гледаат низ очите на другиот, како и да си ги слушаат мислите

rnОва е можеби еден од најневеројатните факти на оваа листа. Некои од сијамските близнаци делат таламус, дел од мозокот кој ги контролира физичките и моторните функции. Како резултат, тие понекогаш можат да гледаат со очите на другиот, па дури и да си ги слушаат мислите.rn

11. Телото на жената може природно да се адаптира за близнаци

rnПо раѓањето близнаци, телото на жената автоматски ја прилагодува својата температура со цел да може истовремено да ги дои и двете бебиња.rn

12. Папокот е наједноставниот начин да се разликуваат близнаците

rnПапоците не се генетски, тие се лузни од отстранување на папочната врвка па токму затоа и секој од нив е уникатен.rn

13. Доколку жената е двојајчен близнак, има големи шанси и таа самата да роди близнаци

rnИсто така таа има поголеми шанси за близнаци, доколку веќе родила еден сет, или пак доколку има сестри/браќа кои се близнаци.rn

14. Дури и идентичните близнаци немаат идентични отпечатоци на прстите

rnОтпечатоците од прстите се формираат додека бебињата ја допираат амнионската кеса, каде што нејзините рабови им оставаат уникатни отпечатоци.rn

15. Близнаците можат да бидат родени и со неколкумесечна разлика

rnПоради непредвидливи компликации, близнаците понекогаш можат да бидат родени со разлика од неколку недели, па дури и месеци. Досегашниот рекорд е 87 денови, што е скоро 3 месеци.rn

16. Идентичните близнаци можат да станат големи криминалци

rnБидејќи тие делат 99,9% од својата ДНК, изгледа дека се изградени да бидат големи криминални умови. Форензичките научници имаат големи потешкотии при одредувањето на виновникот кога станува збор за близнаци. Токму тоа може да значи и дека тие никогаш не би биле осудени.

Содржина /затвори

Најново

Може ќе ве интересира