Додека Биковите сакаат да штедат, Стрелците се несмасни со парите и многу лесно губат контрола над своите финансии… Дознајте колку се разликува вашиот став за парите во зависност од тоа под која ѕвезда сте родени.rnrn
rn
Овен
rnИмпулсивната природа на Овенот се огледува и во финансискиот аспект, па така често одат во крајност со трошење на сите средства за себе, како и за другите.rn
Бик
rnБикот сака да штеди и да собира пари. Најчесто ги заработува со вредна работа, но исто така сака да ужива во удобност и луксуз, па лесно останува и без нив. Кога нема пари, создава нов план за да заработи наместо да си го скрати своето задоволство.rn
Близнаци
rnНе штедат и трошат многу лесно. За нив парите не претставува ништо повеќе од средство за плаќање и може многу лесно да се случи да позајмуваат пари од својата околина. Често подигаат кредити и вложуваат во потенцијалните работни прилики без разлика на тоа колку се тие ризични.rnrn
rn
Рак
rnТие знаат да ги ценат парите и знаат да штедат, но често ќе тврдат и дека парите не им се важни, иако се чувствуваат гордо и најдобро кога добро заработуваат и ги поседуваат.rn
Лав
rnИако Лавовите знаат да научат да бидат штедливи во текот на животот, природата ги тера да трошат и да честат. Тие ќе штедат само за одредена конкретна цел и тоа нема да биде пресметано и исплатливо, туку само затоа што им се допаѓа. Гледаат моќ во парите и ги ценат.rn
Девица
rnНе тежнеат за голем луксуз и богатство, туку парите ги сметаат како практично средство за преживување. Се чувствуваат безбедно ако имаат заштедено и често оставаат одредена сума пари настрана за секој случај.rnrn
rn
Вага
rnРодени се под среќна ѕвезда, па поголемите заработки им одат од рака. Едноставно доаѓаат до пари, но исто така лесно и ги трошат. Секогаш имаат идеја на што би ги потрошиле парите и често им се допаѓаат баш најскапите работи.rn
Скорпија
rnТие со задоволство штедат и ги ценат своите пари. Исто така, ретко ги откриваат своите финансии и ги доживуваат како лична работа. Не трошат многу и се обидуваат добро да заработат.rn
Стрелец
rnДодека се млади, често се несмасни со парите и многу лесно губат контрола над своите финансии. Им оди од рака штедењето, но парите многу брзо ги трошат. Ситуациите во кои ќе се најдат без пари ги тераат да научат од сопствените грешки, па се случува во подоцнежните години да научат попаметно да трошат.rnrn
rn
Јарец
rnМногу разумно трошат и се свесни дека парите не растат на дрво. Сакаат да штедат, но сепак одвреме-навреме си дозволуваат и одреден луксуз. Колку повеќе се штедливи во младоста, толку повеќе ќе уживаат во подоцнежниот период од животот.rn
Водолија
rnВодолиите многу лесно паѓаат во долгови, бидејќи се потпираат на сите можни кредитни картички и минуси и трошат додека можат и тоа без никакво планирање.rn
Риби
rnИмаат склоност да станат богати и ги следи среќа во парите. Сепак, за да го одржат она што го заработиле потребно е да научат како да раководат со парите, бидејќи не се природно склони за тоа.