Линкдин
rnВо просториите на оваа социјална мрежа трипати месечно гостува некој кој држи инспиративни говори на вработените. Помеѓу досегашните говорници се и Дипак Чопра и Мартин Лутер Кинг Трети.
rn
Адоуб
rnАдоуб му дава 5.000 долари на секој вработен кој посвојува дете. Поседуваат и разни спортски терени.
rn
Мајкрософт
rnБил Гејтс е доста великодушен кога станува збор за правата кои на вработените им следуваат по закон, па така оние кои отсуствуваат од работа поради бременост секогаш добиваат повеќе пари од законскиот минимум, а имаат можност и да користат бесплатни советодавни и менторски услуги. Покрај тоа, на дофат им е и спа центарот на компанијата.
rn
Dealer.com
rnОваа компанија продава веб-производи на автокомпаниите. За своите вработени обезбедува органска храна, 50% попуст за ски-карта на локалните планини во Вермонт, кафуле, спортски терени и театар во самата компанија.
rn
Акраја
rnОвој производител на софтвер праќа професионални чистачи во домовите на своите работници по двапати во месецот. Тие за тоа време можат да се опуштат на работа со билјард и по некое пиво.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

