Научниците од Институтот за превентивна медицина во Копенхаген, со помош на математички методи пресметале каква е идеално здравата жена која ќе дочека длабока старост во витална состојба и со здраво срце.rnrn
rnrnСпоред нив, таа носи конфекциски број 42, има истакнати колкови и гради, масните наслаги ѝ се концентрирани само на облините, додека струкот ѝ е тесен и нагласен.rnrnПопуларните слаби девојки не припаѓаат во оваа група, како ни дамите градени во облик на јаболко, кај кои масните наслаги се таложат околу струкот. Овој тип најмногу ризикува од оболи од срцеви болести, дијабетес и хипертензија.rnrnСо истата тематика се занимавале и шкотските научници. И тие истакнале дека погрешно е да се набљудуваат килограмите. Според нив конфекцискиот број е многу поважен показател на здравиот распоред на масното ткиво во телото.
Каква е идеално здравата жена?
