Што правите кога ќе испиете некоја чашка повеќе? Дали флертувате, плачете во такси или се качувате на маса? Дознајте каков тип пијаница сте според она што најчесто го правите кога сте под дејство на алкохол.rnrn
rn
1. Лезбиски фазон
rnДали ви се случило да почнете да флертувате со други девојки или „валкано“ да играте со најдобрата другарка? Тоа значи дека (иако сте стрејт), кога ќе претерате со алкохолот влегувате во лезбиски фазон.rnrn
rn
2. Претерано покажување љубов
rnИм делите комплименти на луѓе кои не ги познавате. Ви доаѓа сите да ги гушнете. Да беше малку потивка музиката во клубот, сите ќе ги повикавте на групна прегратка. Сте ја јавнале вашата најдобра другарка и мислите дека сега е вистинскиот момент да ѝ кажете колку вашиот живот без неа би немал смисла.rnrn
rn
3. Премногу гласна пијаница
rnСите околу вас можат без напрегање да слушнат за вашите омилени секс пози и за она што ви се случило вчера. И да, оние до вас се сега глуви.rnrn
rn
4. Синдром на несвестица
rnВи се случило да се онесвестите врз капутите во клубот или да заспиете во такси на враќање дома? Да, вие сте дел од оние кои ја демонстрираат својата пијана состојба со несвестица.rnrn
rn
5. Кралица на драмата
rnКога сте трезни сте пацифисти, но по некоја чашка плус станувате личност која би предизвикала војна. Не дај боже некој да ве турне или да ви рече нешто што не ви се допаѓа. Тогаш ги привлекувате сите погледи кон себе станувајќи вистинска кралица на драмата.rnrn
rn
6. Опсесивно-компулсивно растројство
rnСите ваши пријателки се запознаени со фактот дека сте го преболеле бившиот, и тоа е така сè додека не испиете малу повеќе. Тогаш на сцена истапува вашето компулсивно растројство – да испраќате СМС-пораки со секаква содржина на вашиот бивш.rnrn
