Поголемиот дел од луѓето ја користат шминката со цел да бидат забележани, но артистката Шенон Холт ја носи оваа идеја во сосема нова насока. Таа го користи човечкото тело како платно за цртање на нејзините прекрасни и елегантни цртежи со животни.rnrn
„Вие слушате песна која некогаш сте ја живееле и потоа го имате она убаво доживување, сеќавање за кое имате снимен потсетник. Цртањето на телото е исто. Тоа e нешто што е најблиску до уметничката форма на музиката која постои“, вели таа за својата работа.
rn
rnrnХолт има разновидно искуство во светот на уметноста, цртајќи на најразлични површини, почнувајќи од платно и хартија, па сè до дрво и метал. Таа вели дека барала различни површини на кои може да работи и токму тоа ја довело до цртањето на човековата кожа. Погледнете дел од нејзината прекрасна работа.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.








