КАФЕ ПАУЗА

Како тишината влијае врз мозокот?

Како тишината влијае врз мозокот?

Сигурно досега сте се запрашале дали и колку е важна тишината во однос на целокупното здравје на човекот. Сите ние сме навикнати на бучавата околу нас иако знаеме дека тоа честопати може да доведе до нервоза, вознемиреност и гнев. Но, и покрај тоа, понекогаш успеваме да најдеме моменти на тишина, дури и кога сме опкружени со „пеколна врева“. Како тишината влијае поволно врз мозокот? Прочитајте во продолжение.rnrnКако тишината влијае врз мозокот? rn

Тишината го помага развојот на мозочните клетки

rnВо рамките на истражувањето објавено во списанието Brain, Structure, and Function, бил направен експеримент со глувци чија цел било да се открие како тие реагираат на тишината. Се покажало дека кај глувците кои биле изложени на целосна тишина во времетраење од два часа била забележана појава на нови клетки во хипокампусот на нивниот мозок. Важно е да се спомене дка хипокампусот е дел од мозокот одговорен за обработка на емоциите, учење нови работи и памтење.rn

Тишината ја поттикнува емпатијата

rnМногу делови од нашиот мозок се поврзани на некој начин со емоционалните реакции и чувствителноста. Сепак, десниот супрамаргинален гирус е главната мозочна област која помага во развојот на овие особини. Доколку овој дел е со нарушена функција тогаш луѓето нема да можат да носат брзи одлуки, но и би биле помалку емпатични. Токму тишината им помага на овие мозочни делови да се одморат и одново да се активираат.rn

Тишината поволно делува врз способноста на мозокот да ги процесира информациите

rnДруго истражување покажало дека нашиот мозок поинаку ги обработува информациите доколку поминуваме одредено време во тишина. Според научниците, мозокот може да ги интегрира внатрешните со надворешните информации доколку не е изложен на нови стимули. Со други зборови, преку тишината можеме да научиме како нашите искуства се интегрираат со надворешните околности, наместо само да реагираме на звуците кои нè прават помалку свесни. Според будистичките и таоистичките гледишта, тивката средина лишена од врева и звуци, може да ја пополни „празнината“ во нашите умови. Тишината е таа што ни овозможува да бидеме повеќе свесни за реалноста и светот околу нас.rn

Тишината помага при намалување на стресот и чувството на тензичност

rnНаучни докази укажуваат на фактот дека две минути тишина се доволни за ослободување на телото од напнатоста и стресот. Во текот на неколку истражувања биле мерени промените во респираторните фреквенции, отчукувањата на срцето и нивото на јаглерод диоксид, па било откриено дека неколкуте минути тишина влијаеле врз начинот на кој телото реагирало на околностите. Така, било докажано дека тишината ги активира хормоните кои го намалуваат стресот како серотонин, окситоцин и гама-аминобутерната киселина (GABA) која ја намалува нервната напнатост.rnrnОткако прочитавте како тишината влијае врз мозокот, можеби ќе сакате да прочитате и зошто луѓето се плашат од тишината.rnrnИзвор: earth-scope.com