Автор: Вера МартиноскаrnrnАко треба да присуствувате на некоја свечена прослава, свадба, вечерна забава, опера, театар, дипломска забава, а не знаете што да носите, не грижете се. Пронаоѓањето на вистинскиот фустан е само прашање на одвоено време и малку напор.rnrn
rn
1. Изберете боја и материјал
rnПрвиот чекор за избирање коктел-фустан е да одлучите која боја сакате да биде – црвена, бела, црна, златна, зелена, сина, како и материјалот. Најчестите ткаенини се свила, сатен и шифон. Овие две работи одат заедно. Многу е полесно кога знаете дека сакате син сатенски или зелен шифонски фустан отколку да ги пребарувате сите сини, зелени, сатенски и шифонски фустани додека да го пронајдете тоа што го сакате. Ако веќе се замисливте во смело црвена или светкаво сина боја, бидете сигурни дека ќе останете запаметени, затоа што ќе изгледате извонредно, но помислете повторно, ако сакате почесто да го носите фустанот. Во тој случај, сепак одберете поосновна боја. Со различни додатоци, можете сосем да го смените изгледот на фустанот и да го носите во повеќе прилики, без некој да забележи дека се работи за истиот.rnrn
rn
2. Одлучете се за вистинската должина
rnДолжината на коктел-фустанот може да варира од глуждовите до колената, така што можете да ја изберете која било должина, во зависност од тоа во што ви е удобно и што сметате дека ви прилега. Ако не можете да одлучите, пробајте неколку различни должини за да видите што ви стои најдобро. Исто така, секогаш може да ги искористите здолништата кои веќе ги поседувате како репер за должината во која изгледате најдобро и се чувствувате најпријатно.rnrn
rn
3. Одредете ја формата на вашето тело
rnОдредувајќи го типот на фигура што го имате, полесно ќе најдете фустан кој ќе ги нагласи вашите атрибути, а ќе ги скрие недостатоците. Познати се 5 главни женски форми на тело:rn
- rn011
- круша: мали гради, долго торзо, колкови и бутови поголеми од струкот и градите
- песочен часовник: мал струк со гради и колкови поголеми од струкот
- права: позната и како момчешка градба, со малку видливи облини
- кружна: големи струк и гради, а може да имаат потенки нозе
- превртен триаголник: широки рамена со тесни колкови и струк
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnОдберете форма на фустан која најдобро ќе одговара со вашата фигура и нагласете ги градите со стил.rnrn
rnrn
4. Пронајдете ги вистинските додатоци
rnМоже да одберете кои било од додатоците кои ви се допаѓаат, како на пример: дијаманти, бисери, аметист, сафири, златен или сребрен накит. Ѓерданите ќе ги нагласат вашите гради, додека обетките ќе привлечат внимание на вашето лице. Што се однесува до чевлите, одберете свечени, со високи потпетици или украсени рамни чевли.rnrnСекогаш носете симпатична плик-чанта или пак мала рачна чантичка. Запомнете дека големите чанти, односно торби за на рамо, во никој случај не би одговарале на краткиот коктел-фустан. За комплетен изглед додадете шал, стилизирано палто, брош или украсна лента за коса. Со овие финални детали, ќе имате целосен изглед и ќе блеснете на забавата во вашиот внимателно одбран коктел-фустан.rnrn
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
