КАФЕ ПАУЗА

Трендови во уредувањето на домот во 2021 година

Трендови во уредувањето на домот во 2021 година

Претходната година ја поминавме дома и се обидовме да го направиме домот поудобен и поубав. Уредувањето на ентериерот беше далеку поголем приоритет од планирањето патувања, па затоа луѓето повеќе планираа како да ја уредат работната соба или минибар аголот во дневната соба. Во продолжение погледнете кои се трендовите за уредување на домот во 2021 година.rn

Ткаенини и килими

rnТрендови во уредувањето на домот во 2021 годинаrnrnТкаенините во сите дезени и форми, претежно од волна и овча кожа, ќе направат да се чувствувате посебно, а покрај вистинските парчиња, може да се користат и поевтини варијанти, како што се вештачко крзно или некој друг избор на ткаенина.rn

Пригушени бои

rnТрендови во уредувањето на домот во 2021 годинаrnrnВо сите простории во домот, особено во дневната соба, најдобро ќе одговараат меките и топли верзии на пригушени бои.rn

Сопствени ремек-дела

rnТрендови во уредувањето на домот во 2021 годинаrnrnТалентот не е важен, потребни се само добра волја, малку фантазија и платно. Насликајте го тоа што ви паѓа на памет и закачете го тоа платно на ѕидот и уживајте во сопственото „ремек-дело“.rn

Тркалезни форми

rnТрендови во уредувањето на домот во 2021 годинаrnrnЗаоблени маси, закривени софи и теписи во сите форми, освен во обичните, се апсолутен хит во 2021 година.rn

Винтиџ со акцент на седумдесеттите години

rnТрендови во уредувањето на домот во 2021 годинаrnrnСтарите парчиња мебел се исто така хит оваа година. Некои работи едноставно имаат душа и му даваат топлина и нов изглед на вашиот дом.rn

Кујна во боја

rnТрендови во уредувањето на домот во 2021 годинаrnrnИако сивата досега беше една од најпопуларните бои за кујната и кујнските елементи, оваа година на тронот доаѓаат индиго сината и зелената боја. Зелените и сините нијанси во кујната ќе ѝ дадат дополнителен гламур и ќе направат да се чувствувате попријатно додека сте во неа.rn

Тапети

rnТрендови во уредувањето на домот во 2021 годинаrnrnПо долго време, некогашниот хит е повторно во мода, особено ако имате ограничен буџет, а сакате да го освежите просторот.rnrnПогледнете кои се најголемите грешки во уредувањето на ентериерот што го прават домот визуелно помал.