Пополека ни стигнува летото, а со тоа доаѓаат и летните попусти на облеката по продавниците. Пред да почнете со обиколка на вашите омилени продавници за да ја освежите вашата летна гардероба, барем со неколку нови парчиња, на ум треба да ги имате следиве неколку совети за да уживате повеќе во шопингот.rn
Одредете буџет однапред
rnМногу е важно ова да го имате на ум постојано, од причина што, кога облеката е на намалена цена можете да се занесете и да потрошите повеќе отколку што сте сакале. Кредитните картички оставете ги дома, а со себе понесете само готовина и тоа онолку колку што имате намера да потрошите.rnrn
Направете список
rnМожеби звучи смешно бидејќи не одите во набавка на намирници, но сепак е добро да имате насоки кон кои треба да се придржувате. Кога имате прилика да појдете на шопинг, многу е лесно да се вратите дома со многу повеќе кеси отколку што се очекувале, вадејќи се на аргументот дека е купено на намалување.
Па така, доколку ви треба нов костим за капење, летен фустан за посебни прилики или панталони кои можете да ги комбинирате со повеќе парчиња што веќе ги имате, немојте да правите отстапувања и да купите нешто што не ќе можете да го искмбинирате со ништо, а сте го купиле затоа што било евтино. Исто така не купувајте парчиња облека што веќе ги имате дома, под изговор дека „од повеќе глава не боли“. Држете се до подготвениот список.rnrn
На себе носете удобна облека и наоружајте се со многу трпение
rnСите оние кои имаат искуство со купување облека на намаление знаат дека тоа може да потрае и дека е долготраен процес. Од продавница во продавница, од кабина за пресоблекување во кабина. Сепак, барате нешто што идеално ќе ви одговара. Затоа најдобро е на себе да носите облека која лесно се соблекува и облекува, за да бидете поекспедитивни. Исто така, доколку не ви е денот и сте лошо расположени, одложете го шопингот за друг ден.rnrn
Задолжително пробувајте ја облеката пред да ја купите
rnБез оглед на тоа што знаете дека големината што сте ја одбрале е соодветна за вас, многу е важно да го пробате секое парче кое ќе го земете. Можеби моделот воопшто нема да прилега на вашето тело. Парчињата кои изгледаат добро на закачалка или на кукла не значи дека ќе ви стојат добро и вам. Затоа подобро е тоа да го забележите во соблекувалната, отколку дома.rnrn
Добро прегледајте ја облеката пред да ја платите
rnВо сезона на намалување на облеката особено треба да обрнете внимание на оние парчиња што сакате да ги купите. Многу често може да се случи поради честото пробување и разгледување, тие да се оштетени или извалкани. Токму затоа, доколку после пробувањето на парчето решите истото да го купите, добро прегледајте го од сите страни да не има некакви недостатоци.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

