КАФЕ ПАУЗА

Како изгледа обуката за стјуардеси во Кина?

Ако некогаш патувате со кинеска авиокомпанија, добро погледнете како стјуардесите ви ставаат кафе. Убавите насмевки и совршеното однесување на овие девојки се резултат на многучасовна интензивна обука и тешка работа. Погледнете низ што сѐ треба да поминат тие за да добијат работа како стјуардеса во Кина.rnrnЕве како изгледа обуката за стјуардеси во КинаrnrnОвие шармантни девојки се студенти на колеџот за цивилно воздухопловство во Ченгду, во провинцијата Сечуан. Стјуардесите што се обучуваат вежбаат правилна насмевка на тој начин што меѓу забите држат стапче за јадење. А за да постигнат правилно држење на телото, ним им ставаат списанија на главите.rnrnЕве како изгледа обуката за стјуардеси во КинаrnrnДруга вежба која им помага да добијат добро држење на телото е балансирањето. Така, на овие девојки им се става шише со вода за да одржуваат рамнотежа во период од 3 минути.rnrnЕве како изгледа обуката за стјуардеси во КинаrnrnСтјуардесите кои се обучуваат исто така држат парче хартија помеѓу нивните колена, со цел да научат како да стојат правилно.rnrnЕве како изгледа обуката за стјуардеси во КинаrnrnМлади мажи и жени се подложни на ригорозен тренинг за држење на телото, за да научат да се однесуваат соодветно за време на летот.rnrnЕве како изгледа обуката за стјуардеси во КинаrnrnБезбедноста е исто така голем приоритет на овој колеџ. Постојат дури и посебни паралелки каде што студентите се учат на вештини за преживување и боречки вештини, како кунг фу и таеквондо.rnrnЕве како изгледа обуката за стјуардеси во КинаrnrnНекои часови за боречки вештини се одржуваат на отворено и повеќе изгледаат како тренирање на војници отколку на нови стјуардеси.rnrnЕве како изгледа обуката за стјуардеси во КинаrnrnДевојките вежбаат напорно за да станат посилни и да ја зајакнат силата на нивниот удар. Тие се обучени како да ги преминуваат пречките, но и како да се одбранат од напад со оружје. Полагањето завршен испит е последниот чекор за да се стане официјален член на екипажот на кабината, но оваа задача е многу предизвикувачка. За успешно да се заврши, студентите треба да скршат керамичка плоча со една рака, при нивниот прв обид.rnrnЕве како изгледа обуката за стјуардеси во КинаrnrnПосебно внимание се посветува на часовите каде обучуваните стјуардеси се учат како да ги неутрализираат криминалните или терористичките напади кои би се појавиле за време на летот.rnrnЕве како изгледа обуката за стјуардеси во КинаrnrnТешко е да се поверува, но овие дами се подложни на строги и интензивни обуки, со цел да му обезбедат удобност и безбедност на секој патник во авионот.