За Нова година, за следното летување или за претстојното зимување, направете план да посетите некој од овие хотели во светот. Кој и да го изберете, ќе имате незаборавно и неповторливо искуство.rnrn
Dog Bark Park Inn
rnДоколку случајно се најдете во Котонвуд, Ајдахо, ќе имате можност барем една ноќ да поминете во хотелот „Dog Bark Park Inn“, кој е во форма на огромно куче.rnСобите се декорирани со елементи кои потсетуваат на кучиња. Во продавничката во хотелот можете да купите секакви производи за кучиња, а тоалетот кој се наоѓа надвор од објектот е во форма на хидрант. Со капацитет за преноќување на само 4 луѓе одеднаш, овој хотел е одличен за една фамилија и за обожавателите на животните.
Null Stern Hotel
rn„Null Stern“ хотелот се наоѓа во напуштено нуклеарно скривалиште во Швајцарија. „Null Stern“ во превод значи „со нула ѕвезди“, а тоа е така бидејќи гостите не добиваат ништо повеќе од кревет и топла вода. Дури можеби и ќе ја делите собата со уште 6 непознати луѓе.rnПозитивното е тоа што едно ноќевање ќе ве чини околу 10 американски долари. Сепак, креаторите го презентираат како социјален експеримент што ќе им даде шанса на посетителите да се запознаат малку повеќе едни со други.
Karostas Cietums
rnДоколку некогаш сакате да поминете ноќ во поранешен затвор на СССР, овој хотел е совршеното место за вас. Тој се наоѓа во Летонија, а неговите соби се буквално келии.rnДоколку сакате и имате доволно пари, можете да платите за да доживеете вистинско затворско искуство, бидејќи „чуварите“ можат да се однесуваат со вас како да сте вистински затвореник. Хотелот има и музеј и организира редовни тури за посетителите.rn
Library Hotel
rnДоколку сте љубител на книги тогаш овој хотел во Њујорк е перфектен за вас. Секој спрат и секоја соба е организирана по азбучен ред и по категорија.rnВо сите 60 соби има безброј книги од соодветната категорија,од математика до еротски романи, па така секој гостин може да најде книга по својот вкус.
Jumbo Hostel
rnОвој хотел се наоѓа во боинг 747 и е приспособен да собере 85 гости. Тој се наоѓа на 10 минути оддалеченост од аеродромот во Стокхолм, а од неговото кафуле и од направената дрвена палуба ќе имате прекрасен поглед кон пистата на аеродромот и полетувањата и слетувањата на авионите.
Propeller Island City Lodge
rnУправата на овој германски хотел тврди дека треба да преспиете во парче уметност, бидејќи секоја соба е различно дизајнирана.rnЕдна соба е потполно портокалова, во друга мебелот е превртен обратно, во трета ќе бидете опколени само со огледала. Дури ако се чувствувате доволно морбидно, можете да спиете и во ковчег како вампир.
Hang Nga
rnОвој виетнамски хотел е направен да личи како огромно чудно дрво. Сепак дрвото е вештачко, но е опколено со многу природа и растенија, па така остава впечаток како да е вистинско. Во внатрешноста доминира дрвената подлога и деталите кои отсликуваат едно дрво, па така ќе наидете на скулптури од мравки, пајаци, пајакови мрежи, по некоја птица и слично.rn
rn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

