Ако заглавите на Антарктикот со членовите на рускиот истражувачки брод Академик Шокалскиј многу е веројатно дека ќе изгледате среќно како тие на оваа слика.rnrn
rnrnИако останале забарикадирани во Антарктичкиот мраз, далеку од цивилизацијата, тие сепак имале можност да комуницираат со остатокот од светот преку социјалните мрежи. На бродот имало 74 патници, повеќето научници и студенти, но и по некој турист. Еден од нив, д-р Ендрју Пикок направил неколку фотографии со кои го пренесува амбиентот кој можете да го доживеете ако заглавите таму.rnrnИнаку, сите биле за брзо време спасени откако кинеската влада испратила брод-мразокршач во спасувачка мисија. За жал тој не можел да го скрши сиот мраз пред себе и да стигне до нив, но успеале да го сторат тоа со хеликоптер кој ги пренел на друг брод.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.