Сте подготвиле нешто ароматично и сте сакале да ви биде спремно јадењето за наредниот ден, па сте го ставиле во пластичен сад. Храната сте ја изеле, садот е измиен, но упорната миризба останала. Во продолжение дознајте како ефикасно да се ослободите од мирисот од пластичните садови.rnrn
rn
Сода бикарбона
rnНаправете смеса од сода бикарбона и вода. Истругајте ја внатрешноста со смесата и оставете да отстои еден ден. Потоа исплакнете го садот, но доколку сè уште мириса, повторете ја постапката.rnrn
rn
Сок од лимон
rnСокот од лимон е природно средство за чистење. Само измијте го садот со овој сок или пак стругајте го садот со кора лимон за да се ослободите од непријатната миризба.rnrn
rn
Кафе
rnИстурете кафе во садот, затворете го и оставете така сè додека не исчезне миризбата.rnrn
rn
Весник
rnВесниците можат да ја впијат непријатната миризба. Свиткајте неколку страници, ставете ги во садот и затворете го. Оставете го така ден-два и миризбата ќе исчезне.rnrn
rn
Активен јаглен
rnСтавете неколку таблети активен јаглен во садот и нека стои затворен сè додека не ја снема миризбата.rnrn
rn
Сол
rnСипете сол додека не се прикрие дното на садот. Потоа исперете го садот и ќе биде спремен за употреба.rnrn
rnrnПогледнете го и овој едноставен трик на Марта Стјуарт за одлепување на налепници кој ќе ве воодушеви.