КАФЕ ПАУЗА

Едноставен трик на Марта Стјуарт за одлепување на налепници кој ќе ве воодушеви

Трик на Марта Стјуарт за одлепување на налепници кој ќе ве воодушеви

Марта Стјуард е кралицата на рачните изработки. Без разлика дали се работи за совршен рецепт или за рачно изработена креација за домот, Марта е вистинскиот ментор. Господарката на кујната е позната по нејзините трикови, но последниот трик кој го сподели неодамна, навистина нè воодушеви, а станува збор за отстранување на досадните налепници со цена.rnrnТрик на Марта Стјуарт за одлепување на налепници кој ќе ве воодушевиrnrnДоколку сте како нас, сигурно се радувате на некој нов апарат или кујнски прибор, но кога доаѓа моментот за одлепување на налепницата на која е напишана цената, тогаш работите стануваат незгодни. Но за среќа, Марта на својот Инстаграм профил, ја сподели својата тајна за отстранување на ваквите налепници. Единственото нешто што ви е потребно за изведба на овој трик е фен за сушење коса!rnrnВо видеото Марта држи тава која изгледа дека е од нерѓосувачки челик. Во внатрешноста на тавата има бела налепница со бар-код и Марта со помош на фенот нанесува топол воздух на неа. Таа го држи фенот на околу 1,5 сантиметри оддалеченост во времетраење од 30-тина секунди. Потоа, со леснотија ја одлепува налепницата. Според неа, топлиот воздух од фенот помага во омекнување на лепилото, при што налепницата лесно се отстранува. Таа вели дека овој трик успева за налепници на метал, стакло, дрво, камен… на сè!rnrnВо продолжение погледнете го и видеото:rn

rn

rnrn rn

rn

rn

rn

rn

rn

rn

rn

rn

rn

rn

View this post on Instagram

rn

rn

rn

rn

rn

rn

rn

rn

rn

rn

rn

rn

rn

rn

rn

rn

rn

rn

rn

rn

rn

rn

rn rn

A post shared by Martha Stewart (@marthastewart48) on

rnrn

rnrnrnОние што премногу долго се мачеле во одлепување вакви налепници, со сигурност би сакале овој трик да го знаеле порано. Се надеваме дека овој трик ќе ви помогне и вам!rnrnПробајте го и овој трик со цедалка и фен за фантастична и женствена фризура.