Малезискиот дизајнер Ед Чу решил да направи еден феноменален еколошки проект: лустер од искористени тетрапак кутии од млеко т.н. „TetraBox lamp“, кои во спротивно би завршиле во депонија. Резултатот од неговата работа е фантастичен, а елегантните картонски лустери изгледаат како да се направени од Сваровски кристали кои формираат импресивни облици на сенки по ѕидовите на собата, какви што формираат диско топките во клубовите. Овој Малезиец ја креирал Тетрабокс ламбата од популарниот малезиски млечен пијалак со додаток на кафе „Dutch lady“, чија амбалажа е во правоаголен облик. Малезијците обожаваат да пијат пијалаци од тетрапак амбалажа.rnrn
rn
„Ние, Малезијците, едноставно многу сакаме да си понесуваме со нас пијалаци во тетрапак амбалажи каде и да одиме и никогаш не се загрижуваме за илјадниците кутии кои секојдневно завршуваат во контејнерите и покрај тоа што сме свесни дека депониите во нашата земја ќе „експлодираат“ од премногу ѓубре. Затоа можеби сега е редно време да направиме радикална промена во нашето однесување, така што ќе го направиме овој свет подобро место за живеење. Што се однесува до мене, правам еден мал „зелен“ чекор и помагам да се намали количеството на ѓубре кое оди во депониите“.
rn

rn
„Замислете што би можеле да постигнеме, доколку секој од нас, празните тетрапак кутии ги претвора во шестоаголници и потоа колективно сите ги поврземе еден со друг? Најверојатно би успеале да изградиме еден павилјон голем колку куќа!“
rn



rnrnИзработката на ваквите еко-лустери, Ед Чу ја постигнува на начин, што ги одлепува искористените кутии од млеко, ги сече на ленти и од нив формира петоаголници и шестоаголници, кои потоа се спојуваат за да формираат сферичен или друг посакуван облик, без употреба на лепило.rnrn


rnrnТој го споделува со светот неговиот млечен дизајнерски рецепт за креирање на еколошката диско топка.rn
Сферична Тетрабокс ламба
rnГолемина на лустер: 260 мм во дијаметарrnrnПотребен материјал: околу 450 празни тетрапак кутииrnrnБрој на потребни шестоаголници: 108 парчињаrnrnКако да направите шестоаголник? – Исечете 6 правоаголни ленти од одлепена тетрапак кутија (130 мм во должина, 21 мм во широчина) за да ги изработите триаголниците и уште 6 помали ленти (76 мм во должина и 19 мм во широчина) за да направите спојници со кои ќе ги поврзете триаголниците меѓусебно.rnrnБрој на потребни петоаголници: 12 парчињаrnrnКако да направите петоаголник? – Исечете со ножички 5 правоаголни ленти со димензии 115 мм во должина и 21 мм во широчина и уште 5 додатни ленти со димензии 76 мм во должина и 15 мм во широчина со кои ќе ги споите триаголниците.rnrnЗабелешка: Шестоаголните модли можат лесно да се прилагодат и на други дизајнерски варијации на лустери, како оние на фотографиите погоре.rnrnОвој навистина прекрасен еколошки проект на Ед Чу сигурно ве потсетува на деновите во основно училиште, кога изработувавте разни картонски модели на часовите по ОТП. Млеко пиете секој ден, а се ближи и лето, што значи ќе имате повеќе слободно време за одмор и многу испиени сокови во тетрапак кутии за гасење на жедта, па зошто да не ја вклучите вашата креативна страна и да си направите ваква уникатна ламба на која сите гости ќе ù се воодушевуваат? 🙂
