КАФЕ ПАУЗА

Како да им го украдете месото на лавовите?

Како да им го украдете месото на лавовите?

Written by

in

Ако ненадејно се најдете сами во џунглата и сте гладни, можете да им го украдете месото на лавовите за да се прехраните. Но, само ако сте итри и паметни како припадниците на племето Доробо од Кенија.Како да им го украдете месото на лавовите?Тие имаат ловечка традиција долга илјадници години, но сега ловот за нив е забранет. Властите во Кенија решиле да преземат драстични мерки во борбата против ловокрадството, па затоа забраниле какво било ловење на целата територија, забрана која важи и за племињата кои се прехрануваат на ваков начин. Но, се чини дека тие имаат бескрајна способност за приспособување на новите услови кои им ги поставува животот и успеваат да дојдат до храна без да го прекршат законот, затоа што некој друг лови за нив.rnrnОва видео е дел од Human Planet, документарен серијал на БиБиСи. Во него може да се види тактиката која ловците од Доробо ја користат за мирољубиво да стигнат до својот плен. Без многу финти, користејќи ја самоувереноста како оружје, тие успеваат да ги исплашат лавовите и од нив да добијат ручек.rn


rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.