КАФЕ ПАУЗА

9 знаци дека сте родени да бидете писатели

9 знаци дека сте родени да бидете писатели

Written by

in

,

„Јас не сум писател“ – често знаат да кажат луѓето. „Но, отсекогаш сум сакал/а да пишувам…“ Не постои сертификат или диплома кои можат да ве направат писатели, бидејќи вие одбирате да бидете писател кога ќе започнете со пишување. Тоа значи дека единственото нешто кое ве дели од вашиот сон е правењето на првиот чекор. Доколку се сомневате дали го имате во себе она што е потребно за да се биде писател, погледнете ги наредниве неколку знаци…rnrn9 знаци дека сте родени да бидете писателиrn

1. Обожавате прекрасно напишани текстови

rnВие го цените она што е внимателно напишано, со цел. Понекогаш дури и ги препрочитувате речениците само затоа што… Па, затоа што тие толку убаво ви изгледаат. Понекогаш дури и ги читате на глас за да слушнете како тие звучат. Зборовите за вас побудуваат вкусно чувство во вашата уста, исто како чоколадото.rn

2. Подвлекувате или издвојувате зборови, реченици или параграфи во книгите кои ги читате

rnВие не сте едни од оние луѓе кои не сакаат да ги „шкртаат“ своите книги. Токму затоа и не сакате електронски верзии од книгите, бидејќи не можете да ги подвлекувате со маркер оние мисли кои допираат до вас. Не знаете точно зошто ги правите овие работи, но едвај чекате повторно да се навратите на нив.rn

3. Сакате да ги прислушкувате туѓите разговори

rnДодека седите во кафетерија или на автобуската станица, вие ги слушате разговорите помеѓу луѓето, без разлика дали станува збор за баби кои озборуваат, сопружници кои се расправаат, тинејџери кои флертуваат или пак, за самата тишина која се појавува по завршувањето на разговорот. Писателите се одлични слушатели. Тие можат да ги замислат приказните кои се наоѓаат позади зборовите и токму ова е еден од начините на кои тие учат како да ги формираат ликовите во нивните книги.rn

4. Обожавате да ги набљудувате луѓето

rnВие можете со часови да седите на едно место и да ги набљудувате сите луѓе кои ќе поминат покрај вас. Толку многу сте фокусирани во набљудувањето што забележувате и најмали детали кои на другите луѓе никогаш не би им паднале во очи. Писателите се остри набљудувачи. Тие гледаат длабоко и го забележуваат ритамот и текстурата на сите човечки интеракции.rn

5. Го забележувате просторот помеѓу нештата

rnНе само што забележувате што прават, што зборуваат, како се однесуваат и како изгледаат луѓето, вие исто така ги забележувате и оние нешта кои не се таму. Мајката која турка празна количка, трудната жена која нема венчален прстен, мажот во барот кој зборува само за својата фамилија, реновираниот стан во кој никој не се вселува, автомобилот на крајот од улицата кој никогаш не се поместува… Писателите не ја гледаат само површината туку гледаат во нештата, околу нив, низ нив и помеѓу нив. Тие го бараат местото каде што се кријат приказните.rn

6. Понекогаш читате книги и си мислите: „Дури и јас би можел/а да го напишам ова подобро“

rnМногу се иритирате кога читате лошо напишана книга. Понекогаш дури се запрашувате и како оваа книга успеала да биде објавена. Способноста да препознаете што е добро, а што не во напишаните зборови значи дека вие ги читате книгите како вистински писател.rn

7. Зборовите имаат моќ да ве расплачат

rnЕдна реченица е доволна да повика солзи во вашите очи. Едноставно зборовите имаат таква моќ врз вас…rn

8. Чувствувате емпатија

rnДоколку сте природно емпатични, вие имате способност да замислите како е да се биде друга личност, без разлика дали станува збор за личност која е во инвалидска количка, бездомник, киднапирана, силувана, изгубена, повредена… Писателите можат да замислат како е да се биде некој друг и токму затоа можат да создадат други светови и ликови во својата фантазија.rn

9. Чувствувате симпатии кон автори

rnВие успевате да се заљубите во авторот на одредена книга без притоа да знаете како изгледа. Всушност, тоа не ви е ни важно бидејќи тој/таа успеале со зборови да допрат до вашето срце.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.