Како да ги одржувате овошјето и зеленчукот свежи?

Сподели

rn

Реклама

9. Кромидот и компирите се чуваат одвоено

rnАко ги чувате на исто место, тие набрзо ќе почнат да ‘ртат и да пуштаат никулци.rn

10. Лукот и кромидот бараат темнина

rnТемните места се најдобрите пријатели на лукот и кромидот. Доколку немате доволно место, можете да земете големи хартиени вреќи, да направите дупки и во нив да ги складирате овие зеленчуци кои одат речиси во секоја манџа.rn

11. Компирите ќе се расипат ако ги чувате на сонце

rnКомпирот кога доаѓа во допир со сончева светлина, не само што почнува да пушта никулци, туку и станува штетен за нашето здравје. Затоа, како и кромидот и лукот, секогаш внимавајте да биде сместен на темно место.rn

12. Поставете неколку јаболка во близина на компирите

rnОвој трик помага компирите да останат посвежи подолго време.rn

13. Аспарагусот треба да се чува како букет цвеќе

rnДолгнавестиот зеленчук треба да се третира како цвеќе и да се постави во чаша или тегла со вода и така ќе остане свеж подолго време.rn

14. Брокулите и карфиолот сакаат влага

rnБрокулите е најдобро да се чуваат со стеблото поставени во вода, а горниот дел, односно цветот да им се покрие со влажна крпа. Но, внимавајте, водата треба често да ја менувате, а крпата да ја плакнете со свежа вода. Карфиолот, исто така треба да се замота во влажна крпа или да се постави во навлажнета пластична вреќичка со неколку дупки.rn

15. Зеленчукот што се чува на дневна температура бара проток на воздухот

rnЗеленчукот и овошјето кои се чуваат на собна температура, не треба да се затвораат во темни кутии низ кои нема проток на воздухот. Тие можат да се чуваат во пластични кутии кои имаат дупки од страните. На тој начин ќе се зачува нивната свежина подолго време.

Популарно

Може ќе ве интересира