КАФЕ ПАУЗА

Ретроградниот Плутон ќе донесе позитивни промени за овие 4 хороскопски знаци

Ретроградниот Плутон ќе донесе позитивни промени за овие 4 хороскопски знаци

Ретроградното движење на Плутон започна на 25 април и оваа планета нема да да се движи напред сè до 5 октомври, така што ќе влијае на сите хороскопски знаци во следните шест месеци. Како планета на трансформација, ретроградниот Плутон може да предизвика длабоки и долготрајни промени, како во вашата свест, така и во целиот свет. За време на ретроградното движење на Плутон, ќе имате можност да нурнете во сè што демне под површината на вашите животи и да се соочите со вашите потсвесни стравови и желби. Ова истражување може да биде страшно за многумина, но овие четири хороскопски знаци ќе бидат најмалку погодени од ретроградниот Плутон во текот на оваа година.rnrnРетроградниот Плутон ќе донесе позитивни промени за овие 4 хороскопски знациrn

1. Бик

rnПлутон формира позитивни појави за вас, што укажува дека променливата енергија треба да се движи непречено и да ве натера да се чувствувате како работите да доаѓаат на своето место, дури и ако тоа менува неколку ваши планови. Може да го промените начинот на размислување, образовниот процес или плановите за патувања, но не на лош начин. Ќе почнете да имате нови интереси, нови животни патеки и нови начини на размислување за светот. Уживајте во вашето патување.rn

2. Девица

rnГо редефинирате начинот на кој сега уживате во слободното време, така што промените што ве очекуваат ќе биде повеќе забавни отколку болни, благодарение на Плутон. Плутон ќе се движи во вашата куќа на децата, пријателите и љубовта, па може да забележите промени на ова поле. Промените треба да бидат добри на долг рок, дури и ако го смените мислењето за романтиката или за некое пријателство, а доколку се случи тоа, вие сепак би можеле да останете пријатели со личностите за коишто сте го смениле мислењето. Следењето на промените е клучно бидејќи сите пречки што ќе ги најдете на патот ќе ви помогнат да бидете среќни во иднина.rn

3. Скорпија

rnПлутон е вашата владејачка планета, па затоа силно ќе го почувствувате ретроградното движење, но овојпат очекувајте позитивни промени. Доколку се случи голема промена во вашиот живот, тоа нема да биде нешто тешко или страшно. Очекувајте трансформативни искуства за време на секојдневните средби во текот на следните месеци. Дури и обичните разговори со пријателите, со соработниците, со цимерите и со врсниците би можеле да ви обезбедат корисен увид во некои работи.rn

4. Риби

rnИнтензивниот транзит на Плутон може да биде тежок за припадниците на хороскопскиот знак Риби, но за среќа, овојпат промените нема да бидат толку многу изразени. Оваа година, нема да бидете расеани или да се соочите со проблеми поради ретроградниот Плутон. Иако може да се случат некои промени кога станува збор за вашите надежи и желби, пријатели и групни активности, тоа нема да биде драматично. Прифатете ги промените и ќе видите дека сè си доаѓа на своето место, дури и полесно отколку што се надевавте.rnrnПрочитајте кои хороскопски знаци најверојатно ќе ја прекинат долгата врска додека се во карантин.