Како биле решавани злоделата во древен Египет?

Сподели

rn

Реклама

6. Сведоците требало да опишат како ќе бидат осакатени доколку лажат

rnБи било навистина лесно да лажат, но последиците од лажењето понекогаш биле полоши од последиците од злоделото. Сведоците требало да кажат дека ако лажат ќе им биде пресечен носот, ушите или нешто слично. Овие закани биле многу чести во древен Египет. Кога сведочат, наместо да се заколнуваат како денес, сведоците давале детален опис на она што ги чека доколку лажат. Мачењето се разликувало во зависност од сериозноста на злоделото.rn

7. Корупцијата била неконтролирана

rnБидејќи целото ова истражување бара многу работа, постоело причина да се верува дека ако не сте важна личност судот нема премногу да се грижи за вас. Постојат докази дека поткупот и корупцијата биле многу чести во древен Египет, па богатите луѓе можеле да се извлечат со неколку златници.rn

Реклама

8. Неверството можело да се казни со смрт

rnСудот за развод бил брутален. Во древен Египет секој можел да однесе секого на суд поради неверство. За разлика од повеќето нивни соседи, ова право не им припаѓало само на мажите. И жените можеле да ги судат сопрузите за неверство и да бараат развод. Луѓето дури имале дозвола да ги судат случајните соседи за кои се сомневале дека имаат афера. Казната била навистина строга. Ако жените биле прогласени за виновни за неверство им го сечеле носот или ги гореле живи. Мажите не добивале смртна казна, но можеле да си заработат 1.000 удари со камшик и развод.rn

9. Дури и невините биле бележани како криминалци

rnПоголемиот дел од обвинетите во древен Египет биле осудувани како виновни и само малкумина го напуштиле судот како слободни луѓе. Дури и тогаш не ги оставале на мира. Откако биле прогласувани за невини, се верувало дека сепак направиле нешто погрешно па биле обележувани како криминалци за цел живот.rn

10. На крај, ѝ дозволувале на статуа да ја донесе пресудата

rnЛуѓето се справувале со криминалците на спомнатите начини кога Египет бил во своите најдобри денови. Но околу 1000 година п.н.е. тие се откажале од целиот систем и прифатиле нов, сосем луд. Во последните неколку стотици години, свештеничките на Амун презеле поголем дел од државата, вклучувајќи го и правниот систем. Секогаш кога имало некој осуден тие ја донесувале пресудата прашувајќи ја статуата на Амун. Одговорите ги добивале според движењето на статуата. Ако се придвижела напред, тоа значело „Да“. Ако се придвижела назад, тоа значело „Не“. Се разбира, статуата не се движела самата, за тоа бил одговорен човек. Понекогаш дури немало ни истражување на целиот случај.

Реклама

Погледнете и кои се најголемите нерешени мистерии од древен Египет.

Најново

Може ќе ве интересира