rn
9. „Градината на земните задоволства“: Прадо, Мадрид, Шпанија
rn
rnrnСликата на Хиеронимус Бос е дел од трајната колекција на Прадо. Сликата била кај кралот Филип Втори кој ја купил на аукција во 1591-ва година. За време на шпанската Граѓанска војна била преместена во музејот за да се заштити.rn
10. „Недела попладне на островот Ла Гранд Жат“: Институтот за уметност во Чикаго, Илиноис
rn
rnrnОва е дело на Жорж Пјер Сера и е направено од милиони рачно нацртани точки. Делото секојдневно привлекува многу туристи во музејот.rn
11. „Ноќни прошетки“: Институтот за уметност во Чикаго, Илиноис
rn
rnrnИако Едвард Хопер го поминал целиот живот во Њујорк, домот на ова дело е друг град. Само неколку месеци откако сликата била завршена, таа била продадена на Институт за уметност во Чикаго каде што се наоѓа и денес.rn
12. „Портретот на Арнолфините“: Национална галерија, Лондон, Велика Британија
rn
rnrnРемек-делото на Јан ван Ејк е најдоброто нешто во Националната галерија во Лондон. Сликата е завршена во 1434-та година, и има неверојатни детали, па дури и скриен автопортрет.rn
13. „Крик“: Национална галерија, Осло, Норвешка
rn
rnrnДали знаевте дека постојат четири верзии од делото на Едвард Мунк? Најпознатата верзија се наоѓа во Националната галерија на Норвешка.rn
14. „Доследноста на сеќавањето“: Музеј за современа уметност, Њујорк, САД
rn
rnrnСалвадор Дали рекол дека оваа слика е рачно нацртана фотографија од сон. На почетокот сликата се наоѓала во галерија, но од 1934-та година е во Музејот за современа уметност во Њујорк.rn
15. „Ноќна стража“: Ријксмузеум, Амстердам, Холандија
rn
rnrnОва е огромно ремек-дело насликано од познатиот Рембрант. Сликата се наоѓа во музејот од 1885-та година.rn
16. „Ручек на чамџиите“: Колекцијата Филипс, Вашингтон, САД
rn
rnrnВо 1923-та година уметничкиот колекционер Данкан Филип ја купил сликата на Пјер Огист Реноар. Тој го опишал делото како „најубавата слика во светот“ и денес таа е изложена во неговата колекција.rnrnПогледнете ги и музеите што можете да ги истражувате без да го напуштите домот.
