Кога имате нешто добро, штитете го. Чувајте го. Заштитете го. Погрижете се дека никој нема да ви го земе. Знајте ја неговата вредност, разберете ја неговата цена и не кажувајте никому за него. Не дозволувајте луѓето да се посомневаат во неговата незаменливост. Не кажувајте дека ви е страв дека ќе го изгубите или дека не сте биле сигурни кога сте инвестирале во него. Кога имате нешто добро, држете го во безбедни раце и не ризикувајте да го изгубите само затоа што не знаете што да направите со него.rnrn
rnrnКога имате нешто добро, сакајте го. Бидете љубезни. Гледајте преку малите несовршености и малите дамки, не обидувајте се повторно да го направите цело, сакајте го онакво какво што е, во онаа состојба во која што сте го нашле и сетете се на моментот кога не сте можеле да ги тргнете очите од него, кога првпат сте го виделе. Сакајте го по секоја цена. Сакајте го дури и во оние моменти кога нема да разберете зошто сте го добиле или купиле или зошто сте го посакувале толку многу. Кога имате нешто добро, восхитувајте му се и немојте да го изгубите само затоа што мислите дека не го заслужувате.rnrnКога имате нешто добро, немојте да барате нешто подобро. Кога покрај вас е вистинското нешто или некој, немојте да гледате во останатото, во полошите верзии, во поновите модели или подобрените функции. Сетете се да го цените она што е покрај вас. Доколку секогаш барате нешто подобро, тогаш нема да сфатите дека она што го имате е веќе најдоброто за вас.
Кога имате нешто добро во животот, немојте да барате нешто подобро
