Каде се наоѓаат најпознатите уметнички дела?

Сподели

Иако историјата на уметноста е полна со извонредни слики, некои дела успеале значително да се истакнат над другите. Овие ремек-дела привлекуваат посетители од целиот свет и ја задржале популарноста и после неколку векови. Погледнете во кои музеи ширум светот се наоѓаат најпознатите уметнички дела.rn

Реклама

1. „Мона Лиза“: Лувр, Париз, Франција

rnМожеби најпознатата слика во светот е дело на Леонардо да Винчи и од 1797-ма година се наоѓа во Лувр.rn

2. „Тајната вечера“: Санта Марија дела Грације, Милано, Италија

rnИ оваа фреска е дело на да Винчи што го завршил во 1489-ма година. Оттогаш до денес делото е вистински бисер на градот.rn

3. „Ѕвездена ноќ“: Музеј за модерна уметност, Њујорк, САД

rnВан Гог ја насликал „Ѕвездената ноќ“ додека бил во ментална установа на југот од Франција. Сликата имала неколку сопственици и завршила во Музејот за модерна уметност во 1941-ва година.rn

4. „Герника“: Музеј на кралицата Софија, Мадрид, Шпанија

rnГолемото ремек-дело на Пабло Пикасо е едно од националните богатства на Шпанија. Интересно е што сликата му припаѓала на Музејот за модерна уметност пред да заврши во Мадрид.rn

5. „Девојка со бисерна обетка“: Маурициус, Хаг, Холандија

rnСликата е дело на Јоханес Вермер и се наоѓа во музејот од 1902-та година. Познат по огромната колекција на слики од холандската златна ера, овој музеј е совршен дом за сликата.rn

6. „Раѓањето на Венера“: Галеријата Уфици, Фиренца, Италија

rnСликата на Ботичели е едно од најважните дела од ренесансата. Раѓањето на Венера се наоѓа во познатата галерија уште од раниот 20-ти век.rn

7. „Давид“: Академска галерија, Фиренца, Италија

rnИако мермерната скулптура на Микеланџело била направена со цел да стои надвор, од 1872-ра година таа се наоѓа во Академската галерија во Фиренца.rn

8. „Бакнеж“: Галеријата Белведере, Виена, Австрија

rnСликата „Бакнеж“, на Густав Климт, е можеби неговото најпознато и најсакано дело. Сликата била купена од австриската влада и поставена во музејот.

Продолжува на следната страница

Популарно

Може ќе ве интересира