Дали мислите дека имате време и трпение за да создадете неверојатно дело како ова? За почеток ќе треба да соберете само 6 милиони чкорчиња од кибрит. Бугарскиот артист Пламен Игнатов употребил токму толкав број чкорчиња за да го создаде овој минијатурен модел од Рилскиот манастир, на кој посветил 16 години од својот живот.
Макетата е изработена не само од чкорчиња, туку и од дрво и камења, а моментално е изложена во археолошкиот музеј во Софија, Бугарија. Рилскиот манастир е најголемиот и најпознатиот манастир во Бугарија. Тој се смета за најважниот културолошки, историски и архитектски објект во земјата и е главна туристичка атракција. Манастирот е заштитен од светската организација УНЕСКО.
Потсетете се на скулптурата „Тркалање низ заливот“ од Скот Вивер, која е изработена од 100.000 чепкалки за заби.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

