Ако се прашувате дали времето пред Нова година и Божиќ е најубавото време од годината, доволно е само да ги разгледате европските божиќни пазари. Сериозно, лицето ќе ви се осветли, срцето ќе ви се стопли, па можеби и веднаш ќе почнете да барате авионски летови.rnrn
rnrnОд 445 години стариот маркет во Стразбур, Франција до шармантната земја на чудата во Базел, Швајцарија и Вал д’Аоста, Италија, низ Европа постои пазар за секого. Пробајте од најпрефинетите колачи додека пиете топло чоколадо, купете од локалните рачно изработени украси или возете се на карусел додека чекате средба со Дедо Мраз.rnrnПогледнете некои од европските божиќни пазари кои го заслужуваат вашето време. Некои се историски познати места кои одамна сте сакале да ги посетите, а другите можеби ќе ве изненадат, но се исто така прекрасни, иако помалку познати.rn
1. Франкфурт, Германија
rn
rnrnЕден од најпознатите и најголемите пазари во Германија е Франкфуртскиот божиќен пазар, лоциран на плоштадот Сент Пол, кој ќе ве освои со својот шарм.rn
2. Виена, Австрија
rn
rnrnБожиќните пазари се вообичаени за австрискиот главен град и се лоцирани на многу значајни места како пред Градското собрание или пред популарната палата Белведере. Маркетите се полни со штандови со костени и топло чоколадо, како и многу рачно изработени предмети кои претставуваат совршени подароци за празниците.rn
3. Салзбург, Австрија
rn
rnrnРачно изработените декорации, вкусните колачи и прекрасното опкружување го прават божиќниот пазар во Салзбург еден од најпознатите во Европа.rn
4. Милано, Италија
rn
rnrnВо текот на празниците се поставуваат божиќни пазари низ целиот град кои се преполни со локални прехранбени богатства и подароци за сите на вашата листа.rn
5. Вал д’Аоста, Италија
rn
rnrnТрадиционалното божиќно село Аоста, наречено „Зелен божиќен пазар“ изгледа како магично место од бајките бидејќи организаторите го претвораат античкиот римски театар во алпско село. Тука ќе најдете рачно изработени украси и разни слатки колку што ви сака душата.rnrn