Ретки се луѓето кои во текот на своите студентски денови не живееле заедно со цимери кои ги излудувале со својата ароганција и неуредност. Затоа, доколку живеете со цимери, не правете го она што не сакате да ви го направат вам. Обидете се да се придржувате до овие 10 правила кои ќе ви ги откриеме денес, тие ќе ви го олеснат заедничкиот живот со нив.rnrn
rn
1. Секогаш чистете после секоја ваша активност
rnБез разлика дали сте јаделе или сте имале гости, колку и да сте уморни, секогаш потрудете се да ги соберите работите и садовите од масата или пак, да ги измиете. Тоа нема да ви одземе многу време, а вашиот стан секогаш ќе изгледа чисто и уредно.rn
2. Поделете ги домашните работи
rnОдберете еден ден во неделата кој ви одговара и вам и на вашите цимери како ден за чистење и поделете ги домашните задачи. Тие задачи не мора да се однесуваат само на тој ден, туку за секој, но потрудете се да ги определите така што секој од вас ќе добие еднаков број обврски.rnrn
rn
3. Водете сметка каде ги оставате работите
rnДоколку не живеете сами, водете сметка за тоа каде ги оставате работите и колку простор тие заземаат, бидејќи овој детаљ при живеењето со цимери може да биде многу иритирачки. Раскревајте си ги вашите работи и не оставајте ги насекаде низ домот.rn
4. Вкусовите се различни
rnДоколку заедно со вашите цимери изнајмувате стан кој вие треба да го опремите, тогаш бидете подготвени за нови предлози. Истото важи и доколку делите заеднички простор во веќе опремен стан, бидејќи тоа е заедничко место на кое треба да дадете личен печат и вие и вашите цимери.rnrn
rn
5. Заеднички изработете детали за станот
rnНа интернет можете да пронајдете најразлични туторијали за изработка на детали за домот, па тоа ќе биде одлична прилика да се запознаете подобро, но и со заеднички сили да изработите креативни и интересни креации.rn
6. Направете креативна просторија од дневната соба
rnДоколку сакате некоја просторија во станот да ви биде вистински извор на инспирација, тогаш тоа дефинитивно треба да биде вашата дневна соба, па потрудете се таа да биде обоена во интересни бои и да претставува креативен простор во кој вие и вашите гости ќе се чувствувате пријатно.rn
7. Направете свој мини бар
rnМини барот претставува одличен начин да го пополните просторот во станот, а покрај тоа секогаш да имате пијалак при рака за вашите гости. Можете да го изработите сами или да го купите, а бидете сигурни дека тој на вистински начин ќе надополни некој запуштен простор од вашиот стан.rnrn
rn
8. Почитувајте го личниот простор на вашите цимери
rnДоколку имате различни простории, тогаш почитувајте го личниот простор на вашите цимери и не влегувајте и не пребарувајте по нивните соби без прашање. Освен тоа што е многу непристојно, ваквото однесување сигурно и вам ќе ви пречи и ако се најдете во истата ситуација.rn
9. Отворено разговарајте за проблемите
rnАко нешто ви пречи кај вашиот цимер, немојте да молчите туку отворено кажете им, бидејќи со разговор може да се реши секој проблем. Со оглед на тоа дека делите ист простор во станот, потрудете се во него да владее мирна атмосфера.rn
10. Немојте да бидете арогантни
rnКога веќе сте одлучиле да живеете со друга личност, немојте да се однесувате арогантно како вие да сте единствената личност на овој свет. Пронајдете компромис и обидете се да не земате без прашање туѓа храна или туѓи работи.
