КАФЕ ПАУЗА

Каде се наоѓа најмалиот населен остров во светот?

Каде се наоѓа најмалиот населен остров во светот?

Според многумина, островот Хаб попознат како Just Room Enough (во превод – доволно место) е најмалиот населен остров во светот.rnrnКаде се наоѓа најмалиот населен остров во светот?rnrnЗазема само 310 квадратни метри на реката Свети Лоренс во округот Џеферсон во американската држава Њујорк.rnrnОстровот му припаѓа на архипелагот Илјада Острови кој се наоѓа на границата меѓу Соединетите Американски Држави и Канада.rnrnНа островот има доволно простор за куќа, дрво, малку трева и минијатурна плажа. Локалните жители се шегуваат дека островот е толку мал што ако направите еден погрешен чекор ќе завршите во вода.rnrnОстровот е во сопственост на богатото семејство Сајзленд уште од педесеттите години на минатиот век. Тие сакале тивко место за одмор, па изградиле куќа на нивниот мал остров.rnrnНо, откако се прошири веста за островот со само една куќа на него, многу луѓе станале љубопитни и почнале да го посетуваат со чамци.rnrnОткако прочитавте за најмалиот населен остров во светот, можеби ќе сакате да прочитате и за мистериозниот пловечки остров кој сè уште се истражува.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr