Научниците од Универзитетот Кјото тврдат дека рибиното масло ги согорува маснотиите околу стомакот многу поефикасно од моментално достапните пилули кај луѓето што се во триесеттите и четириесеттите години. Рибиното масло ги активира рецепторите во дигестивниот тракт и го покренува нервниот систем, по што клетките полесно ги согоруваат маснотиите.rnrn
rnrnМасното ткиво не ја задржува целата маснотија. Таканаречените бели клетки ги задржуваат маснотиите со цел да направат залиха на енергија, додека кафените клетки ги трошат маснотиите и ја одржуваат телесната температура стабилна.rnrnБебињата имаат поголем број кафени клетки, но тој број со текот на времето се намалува.rnrnТретиот тип – беж клетки, кои се многу слични на кафените клетки, се неодамна откриени кај луѓето и глувците. Нивниот број се намалува во средната животна доба, а без нив маснотиите полесно се насобираат и остануваат неискористени.rn
„Од претходните истражувања дознавме дека рибиното масло има огромни здравствени предности вклучувајќи го и спречувањето насобрани маснотиите. Направивме тестови со цел да утврдиме дали постои поврзаност помеѓу рибиното масло и зголемениот број на беж клетките“, објаснува водечкиот научник Теруо Кавада.
rnИстражувањето било спроведено на група глувци што се хранеле со мрсна грана, и група глувци што ја јаделе истата храна но со рибино масло. Глувците што ја јаделе храната со рибно масло имале 10% помала маса и 15-25% помалку маснотии во споредба со оние што не консумирале рибино масло.rnrnНаучниците исто така откриле дека белите клетки се претвораат во беж клетки кога се активира нервниот систем, што значи дека клетките кои собираат маснотиите добиваат можност и да ја согорат.rn
„Луѓето отсекогаш говореле дека јапонската и медитеранската храна води кон долговечност. Сега знаеме зошто е тоа така“, заклучува Кавада.