Некои работи едноставно одат заедно, на пример гламурот и чипката. Станува збор за несекојдневен маникир кој воедно е вистински тренд деновиве. Многу лесно можете здодевните еднобојни нокти да ги претворите во вистинска сензација.rnrn
rnrnНајпрво одберете боја на лак за нокти по ваш избор, може да одите кон потемни и посмели нијанси како црвената, или пак понежни како розова или тиркизна. Исто, ќе ви биде потребно парче чипка, по можност црна.rnrnОд чипката исечете десет малечки парчиња за секој од вашите нокти. Нанесете еден слој од лакот и почекајте да се исуши, потем нанесете уште еден. Додека вториот слој сè уште не се исушил, внимателно поставете го секое од парчињата чипка врз вашите нокти. Доколку некое излегува од површината на ноктот, исечете го и поправете му ја формата со помош на ножици. За подобро да се залепат парчињата чипка може да користите дрвена чепкалка и внимателно да потиснете по краевите од ноктите.rnrnЗа крај додадете и еден слој безбоен лак за нокти за дополнителен сјај.rnrnВашата креативност нека не запре тука. Исто така може да пробате да исечете различни форми од чипката, да не бидат прекриени целосно сите нокти или пак да направите француски маникир односно само врвовите на ноктите да бидат украсени со чипка.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
