ТВ серија: Магла (The Mist)

Сподели

По паѓањето на морничава магла, жителите на едно мало гратче мора да се борат за својот живот

rnГлавни улоги: Морган Спектор, Алиса Сатерленд, Гас Бирни

Реклама

Жанр: хорор, драма

Креатор: Кристијан Торп

Реклама

Премиера: 22 јуни 2017

Број на сезони: 1

Времетраење: 60 минути

Реклама

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: [ratings]

 

https://www.youtube.com/watch?v=kya_uqiSQOY

Ваша оценка: Оваа година е навистина возбудлива за љубителите на книгите на Стивен Кинг, бидејќи уште една негова приказна доби телевизиска адаптација. Па ако сте ја читале книгата „Магла“ (The Mist), тогаш знаете за какво хорор задоволство станува збор. Во случај сè уште да сте немале таква можност, ви гарантираме дека по завршувањето на првата сезона ќе посакате веднаш да ја купите и да ја прочитате, дури и ако не сте љубители на пишаниот збор.

За што станува збор, можете да претпоставите и од самиот наслов – застрашувачко густа магла ќе обвие едно мало гратче, и сите оние што ќе се најдат на нејзиниот пат на отворено ќе умрат од ужасна смрт. Но тоа што е најинтересно е што секоја смрт е специфична за човекот што е нападнат и изгледа како тие да умираат од своите најголеми стравови. Дали е ова вистина, останува да дознаеме во понатамошните епизоди.

Иако се категоризира како хорор, сепак приказната е многу богата и има одличен развој на ликовите – за што можеме да му се заблагодариме на најголемиот талент на хорор книгите – Стивен Кинг. Вие истовремено ќе бидете и фасцинирани од текот на настаните, и преплашени од мистериите и ужасот што се кријат во маглата. Па ако сте расположени за хорор маратон, ви препорачуваме овој викенд да ја пуштите одличната ТВ серија „Магла“!

Најново

Може ќе ве интересира