КАФЕ ПАУЗА

Изберете еден симбол и дознајте го вашиот најголем скриен страв

Сите имаме стравови, некои поголеми, а некои помали… но тие без сомнение играат огромна улога во нашиот живот. Токму затоа и сигурно сте свесни за вашите најголеми стравови, но дали некогаш сте се запрашале дали можеби имате и некои скриени, што ви влијаат на несвесно нив? Погледнете ги следниве слики и издвојте го симболот што најмногу ви „паѓа“ во очи! Следете го првото чувство, без многу размислување и дознајте еден од вашите стравови за кои можеби никогаш досега не сте биле свесни…rnrnrn

Око

rnНачинот на кој другите ве гледаат зависи на тоа како го живеете животот. Иако имате способност за да се поврзете со луѓето, вас најмногу ве загрижува идејата дека другите ве судат. Се плашите дека луѓето постојано зборуваат за тоа што го правите во животот, па затоа и ве спречуваат да живеете во целост.rnrnНајдоброто нешто што можете да го направите за себе е да работите на својата самодоверба.rn

Тркало

rnВие се плашите од стагнација. За вас животот не е само да постоите и да ги повторувате истите работи, но сепак не знаете како во целост да го живеете. Сакате секој ден да ви е како одмор, наместо да работите до длабока старост и само двапати во годината да прошетате некаде.rnrnНајдоброто нешто што можете да го направите за себе е да се обидете да дознаете што најмногу сакате во животот и што ве прави среќни.rn

Цвет

rnВашиот најголем страв е неуспехот. Вие се плашите дека нема да успеете да ги остварите своите цели, но колку и да ја мразите оваа ваша карактеристика, таа сепак многу ве кочи. Не заборавајте дека ризиците што ви се појавуваат во животот најчесто вредат за да бидат искористени и можат да ви помогнат да откриете нешто што инаку не би можеле никогаш ни да го забележите.rnrnНајдоброто нешто што можете да го направите за себе е да почнете да влегувате низ вратите што ви се отвораат пред вас.rn

Гранки

rnАко вашиот прв избор биле гранките, тоа значи дека сте преплашени од стареењето. За вас староста е друг збор за смрт. Не сакате да живеете вечно, но дефинитивно сакате да останете што е подолго млади. Исто така сакате и сите ваши најблиски постојано да се покрај вас, млади и здрави.rnrnНајдоброто нешто што можете да го направите за себе е да се помирите со текот на животот и конечно да тргнете кон напред.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Изберете и еден од овие антички симбол и откријте ги скриените особини на вашата личност…rnrn[/message_box]