КАФЕ ПАУЗА

Истражувањата покажуваат: Жените трошат 6 месеци од животот одлучувајќи што да облечат

Според последните истражувања, жените поминуваат дури 17 минути дневно гледајќи во шкафчето со облека, а 62% од нив патат од добро познатиот излив на бес кој доаѓа со тврдењето дека „немаат што да носат.“ Во периодот од 18 до 60 години, жените поминуваат приближно 6 месеци на донесувањето одлука што да облечат.rnrnИстражувањата покажуваат: Жените трошат 6 месеци од животот одлучувајќи што да облечатrnrnАнкетата која ја спровел истражувачкиот тим на компанијата „Marks & Spencer“ открила дека повеќето жени ваквиот проблем го имаат поради фактот дека, наместо спротивното тврдење дека немаат што да носат, имаат премногу облека и имаат потешкотии да направат селекција.rnrnНа мажите не им е потребно многу време, но во просек поминуваат околу 13 минути дневно односно 3 дена годишно на одлуката што да облечат, а повеќе од 1/3 го имаат истиот проблем како и жените – излив на бес и лутина дека немаат што да облечат.rnrnИстражувањето направено во рамките на оваа позната модна куќа било направено со цел да ги поттикне луѓето да ја донираат секоја облека која не ја носат и која само им зафаќа простор во шкафот. Според резултатите, просечниот шкаф содржи 152 парчиња облека, но од нив облекуваме само 44% т.е. помалку од половина. Околу 57 парчиња облека воопшто не ги облекуваме или ретко ги носиме, додека 11 парчиња стојат во шкафот со етикети.rnrnПокрај тоа, една од 20 возрасни личности се жали дека нема што да облече еднаш неделно. Дури 15% од испитаниците изјавиле дека токму избирањето на облеката може да го уништи денот, додека еден од 10 доцни на работа поради таа одлука.